Од поодамна циркулираат информации дека во последно време низ клиниката за стоматологија во Скопје граѓаните ги „маткаат“ и плус им наплаќаат за снимки за пациенти од ранливи категории кои преку Град скопје аплицирале за програма за бесплатно поправање заби на ова категорија.
Претседателот на Комисијата за унапредување на правата на пациентите во Град Скопје, доктор Никола Паноски за ЦИВИЛ Медиа по ова прашање рече дека не се запознаени за вакви случаи но ги повикува сите да ги пријават ваквите неправилности.
„Секој граѓанин може во секое време да пријави преку пополнување формулари или лично да дојде во комисијата и да ги укаже за ваквите појави, дилемата е дали може да пријават граѓани кои не се жители на Град Скопје„ рече Пауноски.
Граѓаните често се жалат дека наплаќаат и во матичните лекари но и за гинеколошки прегледи, за што претседателот на Здружението „НЕФРОН„ и член на Комисијата Душко Ѓорѓев ги повикува граѓаните да одат во нивното здружение и да потпишат меморандум за соработка за полесно да се решаваат било какви ситуации.
„Нашето здружение потпишало меморандум за соработка и сите наши пациенти може да ги користат бесплатно нашите услуги, ова исто така го направиле и пензионерите. Целната група може да се обрати директно во здружението и да го потпише меморандумот за бесплатно користење на услугите„ – рече Ѓорѓев.
Секој граѓанин на Скопје кој при клинички или прегледи кај матични лекари им бараат да наплатат надвор од законските прописи, можат да пријават во Комисијата за унапредување на правата на пациентите во Град Скопје. Комисијата им нуди правна и лекарска помош со што ќе се разрешат ваквите појави на пациенти со Здравствените институции
Комисијата за унапредување на правата на пациентите во Град Скопје престанала да работи три години за време на пандемијата, пак почнува со работа пред три месеци. Се состои од 9 члена и е основана од Град Скопје. За ова време примила 4 поплаки од незадоволни пациенти.
Н. А.