• Latest

Граѓаните прашуваат. Кој и зошто се плаши од одговорите?

February 27, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Граѓаните прашуваат. Кој и зошто се плаши од одговорите?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ / ГРАЃАНСКИ ФОРУМ

February 27, 2026 09:13
in ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

На крајот на работната недела, најчесто поставуваме прашање со кое се отвора простор да се истакнат темите и случаите што најмногу ги засегнуваат луѓето. Затоа овој формат го нарекуваме ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ / ГРАЃАНСКИ ФОРУМ:

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите?

Продолжете со читање под оваа порака 👇

Секој работен ден поставуваме актуелни прашања на кои пристигнуваат бројни одговори — најчесто десетици, често и стотици, а во неколку случаи и околу илјада луѓе го дадоа својот коментар. Тоа е сила што не може да се занемари. И не смее да се игнорира.

Граѓанките и граѓаните одговараат гласно и јасно. Секоја недела, особено во Граѓанскиот форум во петок, коментарите откриваат гнев и разочараност од нефункционалните институции, празните ветувања и последиците од лошото владеење на политичкиот крем во земјата — без оглед на партиските бои.

НЕ Е ЗАЛУДНО

Ова што го правиме заедно со граѓанките и граѓаните со години — не е залудно. Критиката е важна. Но уште посилни се конкретните прашања. Тие не може да се игнорираат.

Прашањата бараат одговор и отвораат врата за позитивни промени.

Одговорите на овие прашања не остануваат само на Фејсбук. Тие се насочуваат и кон надлежните институции и носителите на одговорност за благосостојбата на граѓаните и државата.

ИГНОРИРАЊЕТО Е ИСТО ТАКА ОДГОВОР

Иако понекогаш изгледа поинаку, секое прашање е чекор кон одговорите и решенијата на проблемите.
Игнорирањето на прашањата — без оглед дали ги поставуваат новинарите или граѓаните — исто така е одговор. Лош, но сепак одговор.

Опишете што се случува. Ако сте загрижени за евентуална одмазда, не мора да објавите јавно — испратете директна порака до ЦИВИЛ и редакцијата. Знаете дека ЦИВИЛ максимално ги штити приватните податоци на оние што пријавуваат кршење на човековите права и слободи.

Секој ден, Прашањето на денот е повик до властите, институциите и политичарите — без оглед на партиската припадност. Сите што се во политиката презеле обврска да се грижат за граѓанките и граѓаните.

Затоа, побарајте ги одговорите — без да чекате „вистински момент“.

Секое време е вистинско време за прашања.

Коментирајте, прашувајте, посочете. Дајте пример, споделете искуство. Побарајте одговор.

Ние сме тука — заедно со вас, веќе 26 години.

ЦИВИЛ – Центар за слобода

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ