Се работи за впечатливото истражување на Ерика Ченовет, политиколог од Универзитетот Харвард, што потврдува дека граѓанската непослушност не е само морален избор; тоа е и најмоќниот начин да се влијае на светската политика – и тоа со убедлива маргина.
Проучувајќи стотици кампањи од минатиот век, Ченовет открила дека ненасилните движења имаат двојно поголема веројатност да ги постигнат своите цели отколку насилните.
И додека точната динамика ќе зависи од многу фактори, таа покажа дека потребни се околу 3,5 отсто од населението активно да учествуваат во протестите за да се обезбедат сериозни политички промени.
Влијанието на Ченовет може да се види во неодамнешните протести на Extinction Rebellion, протестите на екологистите од целиот свет, пројавени по различни земји на Западот, чии основачи велат дека биле директно инспирирани од нејзините наоди. Па, како таа дојде до овие заклучоци?
Факт е дека Ерика Ченовет по сопствено признание се потпира на филозофиите на многу влијателни историски личности. Меѓу нив се афроамериканскиот аболиционист Соџурнер Трут, водачот на суфражистите Сузан Б. Ентони, индискиот борец за независност Махатма Ганди и американскиот водач за граѓански права Мартин Лутер Кинг што дале убедливи аргументи за моќта на мирниот протест, пишува Љубомир Костовски во анализата „УЛОГАТА НА БРОЈНОСТА КАЈ НЕНАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ ЗА НИВНИОТ УСПЕХ: Пресудните 3,5 проценти“.
Специјални за ЦивилМедиа. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО: Костовски говори за принципот 3,5% во изданието на КОЛЕГИУМ од 28 март 2025