• Latest

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Прашања на граѓаните до политичарите

March 13, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Прашања на граѓаните до политичарите

Ако не можат во собранието, владата, институциите, партиите или други форуми, граѓанките и граѓаните имаат можност да го кажат своето мислење на медиумската платформа на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

March 13, 2026 09:46
in ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

На крајот од работната недела, повеќе од 70 пати во изминатите 18 месеци, ЦИВИЛ го отвора просторот за директни прашања и пораки од граѓанките и граѓаните до политичарите. Кога велиме ПОЛИТИЧАРИ, ги подразбираме сите што се занимаваат со политика на локално и централно ниво, било да се на власт или во опозиција.

Прашањето е: Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите?

Во текот на неделата, од понеделник до четврток се поставуваат актуелни прашања на кои има голем број одговори во коментарите, најчесто по неколку десетици, но бројот на коментари некогаш се мери во стотици, а во неколку прилики беше околу илјада само за еден ден.

Граѓанките и граѓаните одговараат гласно и јасно. За жал, секоја недела, особено во Граѓанскиот форум кој оди в петок, коментарите откриваат гнев и разочараност од нефункционалните институции и празните ветувања. Овие гласови се важни за одржување на демократска и јавна дебата.

Критиката е важна. Но уште посилни се конкретните прашања. Тие не може да се игнорираат. Прашањата бараат одговор и отвораат врата за позитивни промени.

На пример, прашања како овие:

  • Кога институциите конечно ќе почнат да работат подеднакво за сите, а не само за партиски послушници?
  • Што конкретно правите за да се намали корупцијата и дали некој навистина одговара за злоупотреба на јавни средства?
  • Зошто младите масовно ја напуштаат земјата и што правите за да им дадете причина да останат?
  • Како планирате да ја подобрите здравствената заштита и условите во болниците?
  • Кога ќе има вистинска транспарентност во трошењето на јавните пари?
  • Што правите за да се намали политичкото влијание врз судството и обвинителството?
  • Како ќе обезбедите медиумите да работат слободно, без политички и економски притисоци?
  • Што конкретно правите за да се подобри квалитетот на образованието?
  • Кога граѓаните конечно ќе почувствуваат дека државата работи во нивен интерес?
  • Дали граѓаните постојат само пред избори?

Овие прашања се само пример, сигурно има и други релевантни прашања што може да се постават. Тоа е повик до властите – без оглед на тоа која партија е на власт. И секое време е вистинското да се постават.

Затоа, коментирајте, прашувајте, посочете. Дајте пример, споделете искуство. Побарајте одговор. Ние сме тука – заедно со вас.

ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ