Ние сме сведоци во поновата историја на оваа земја дека политичарите често пати кога немале можност да излезат од некои политички кризи за да ги покријат своите криминали го користеле национализмот за да предизвикаат дестабилизација на земјата и кај луѓето да предизвикаат омраза и страв, дури и дела од омраза… Мое мислење е дека Македонија како држава треба да се сврти кон тоа дека сите граѓани треба да бидат еднакви и дека граѓанството е на прво место, а не етничката или религиозната припадност и на она што ние како индивидуи можеме да му понудиме на оваа општество. Само на тој начин може да се излезе и да се спротивстави на тие рамки на национализмот.
Јасмин Реџепи
Интервју: Национализмот е алатка на политичарите за прикривање на нивните криминали
12 август 2018