„Национализмот е едно себично чувство на луѓе во една заедница или една држава којашто инсистира дека конкретно таа група луѓе се најдобрите во едно општество додека останатите се помалку битни или помалку добри“, изјави Јасмин Реџепи од Легис во разговор со ЦИВИЛ Медиа за разликите меѓу патриотизмот и национализмот, влијанијата и можните решенија за намалување на ризиците од национализмот.
Патриотизмот, смета Реџепи, е нешто што секој граѓанин индивидуално го чувствува кон својата земја и гледа прогресивно кон да ѝ помогне и да се вложи себе си за нејзин просперитет.
„Ние сме сведоци во поновата историја на оваа земја дека политичарите често пати кога немале можност да излезат од некои политички кризи за да ги покријат своите криминали го користеле национализмот за да предизвикаат дестабилизација на земјата и кај луѓето да предизвикаат омраза и страв, дури и дел од омраза… Мое мислење е дека Македонија како држава треба да се сврти кон тоа дека сите граѓани треба да бидат еднакви и дека граѓанството е на прво место, а не етничката или религиозната припадност и на она што ние како индивидуи можеме да му понудиме на оваа општество. Само на тој начин може да се излезе и да се спротивстави на тие рамки на национализмот“, изјави Реџепи.
Во контекст на референдумот, Реџепи смета дека било која реформа не може да се спроведе само со носење закони туку и секој од нас да почне со гледање на светот низ европската перспектива.
Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.