Дебитантскиот филм на режисерката Калтрина Красниќи, „Вера сонува за морето” ,освои Гран-при на Интернационалниот филмски фестивал во Токио. Ова не е прва меѓународн награда за филмот, чија премиера беше на Венецискиот филмски фестивал во септември.
„Вера сонува за морето“ кој е копродукција помеѓу Косово, Албанија и Македонија. светска премиера имаше во селекцијата Хоризонти на годинашниот Венециски фестивал.
Филмот е приказна за семејната драма на преведувачка на знаковен јазик, која по смртта на сопругот ќе се соочи со корумпираните односи во семејството во битката за сопственоста на неговата селска куќа.
Главната улога ја толкува актерката Теута Ајдини – Јегени, а останатите улоги ги толкуваат: Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши и други.
Сценариото е на Дорутина Баша, кинематограф е Севдије Кастрати, монтажер на филмот е Владимир Павловски, снимател на звук е Игор Поповски, композитор е Петрит Чеку, дизајнер на звук Дарко Спасовски, а продуцент од Македонија е Дрим Фектори на Огнен Антов.