Во регионот на Доњецк, руските напаѓачи ја гранатираа фабриката за кокс во Авдијивка, при што загинаа најмалку 10 луѓе, а беа повредени најмалку 15, изјави шефот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко, пренесува Укринформ.
„Најмалку 10 мртви и 15 ранети – ова се последиците од гранатирањето на фабриката за кокс од страна на руските окупатори. Овие бројки се проверуваат. Ажурирањата ќе следат и бројот на жртви веројатно ќе биде поголем“,напиша Кириленко.
Тој истакна дека напаѓачите точно знаеле каде целат – работниците штотуку ја завршиле смената, чекајќи на автобуска станица шатл да ги однесе дома од фабриката.
„Уште едно цинично злосторство на Русите на нашата земја. Тие ќе одговараат за се! – нагласи Кириленко.
Подготви: Д.Мишев