Во селото Писодери, на неколку километри од Псарадес, каде што се потпишуваше македонско-грчкиот договор, неколку илјади грчки националисти неколку часа го блокираа селото, а новинарските екипи, меѓу кои и на ЦИВИЛ Медиа, не можеа да излезат од селото и да продолжат со работата. Демонстрантите се судрија со полицијата, која употреби солзавец. Има неколку повредени, меѓу кои и припадници на полицијата.
Протестите од грчката страна имаат цел „одбрана на грчкиот карактер на Македонија“. Ситуацијата на теренот во моментов е мирна.