• Latest

ГРЕКО: Да се спречат ризиците од корупција во борбата против економските последици од Ковид-19

April 15, 2021
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Иран лансираше ракети врз американската база во Катар како одговор на нападите врз неговите нуклеарни капацитети

June 23, 2025
Фото: МНРиНТ

МНРиНТ: Граѓаните да не патуваат на Блискиот Исток, ќе се евакуира уште едно македонско семејство од Израел

June 23, 2025

Кон обновата на Украина

June 23, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Маратонците го трчаат почесниот круг – „во цветот на староста“ ќе ги спасуваат Македонците од геноцид

June 23, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Битиќи за НОВА: Ако Владата одлучи да го игнорира или сопре ИФМИС, тоа значи дека одбива внатрешна контрола, не сака автоматизација на системите, а уште помалку сака јавноста да знае како и каде се трошат парите

June 23, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ниту по 36 обиди не се конституира косовското собрание; На северот на Косово запленето оружје кај лидерот на „партијата за српска демократија“, полицијата трага по него; Во Њујорк се одржа парада на Албанците

June 23, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за операцијата на САД во Иран?

June 23, 2025

Богојески ја отстранува „родовата идеологија“ од Еразмус+ и ЕСК

June 23, 2025
Фото: украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Кијив – уште една ноќ на терор, ракети и дронови од рф погодија станбени згради и болници, под урнатините има луѓе

June 23, 2025
Фото: Амбасада на ОК во Северна Македонија

Специјалната претставничка на ОК за Западен Балкан, дама Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан

June 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ГРЕКО: Да се спречат ризиците од корупција во борбата против економските последици од Ковид-19

April 15, 2021 14:23
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Групата на држави против корупцијата (ГРЕКО) на Советот на Европа, при претставувањето на својот дваесет и прв извештај за работата, повикува да се спречат ризиците од корупција како дел од мерките преземени за борба против економските последици од пандемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА.

Владите треба ригорозно да управуваат со ризиците од корупција што произлегуваат од потребата да се преземат вонредни мерки за борба против пандемијата на Ковид-19, вклучително и вбризгување на значителни суми во економијата за ублажување на економските и социјалните последици од кризата со пандемијата, вели ГРЕКО, антикорупциското тело на Советот на Европа, во својот годишен извештај објавен денеска.

ГРЕКО подвлекува дека од пред повеќе од една година, владите воведоа итни мерки што доведоа до концентрација на овластувања и отстапувања од основните права, мерки кои одат заедно со ризици од корупција, кои не треба да се потценуваат. Овие ризици можат да бидат особено изразени во случај на системи за јавни набавки, особено во однос на судирот на интереси и улогата на лобирање.

Генералниот секретар Марија Пејчиновиќ Буриќ во писмена декларација нагласува дека во овие тешки времиња, владите треба да ги засилат своите напори да осигурат дека сите политики и активности насочени кон справување со економските и јавните здравствени кризи ги исполнуваат антикорупциските стандарди.

„Не е доволно да се има антикорупциско законодавство и институционални рамки. Ние мора да се осигураме дека овие стандарди се ефективно применети во пракса, а владите мора да дејствуваат со транспарентност и одговорнос“т, вели Пејчиновиќ Буриќ.

Во својот извештај, претседателот на ГРЕКО, Марин Мрчела ги повикува државите внимателно да ги следат упатствата објавени од ГРЕКО во 2020 година за управување со ризици од корупција во контекст на пандемијата.

„Во итни ситуации, сите одлуки и постапки мора да ги почитуваат принципите на транспарентност, интегритет и отчетност“, рече Мрчела.

Врз основа на работата на ГРЕКО во 2020 година, претседателот на ГРЕКО исто така жали што во некои земји-членки има „повеќе или помалку отворени обиди“ од извршната или законодавната власт за напад, заплашување или покорување на судството.

-Кога размислуваме за мерки за спречување на корупцијата, мора да имаме предвид дека борбата против корупцијата не треба да се гледа како елемент што треба да се разликува од независноста на судството, па дури и да му се спротивставува. Првото е апсолутно неопходно за второто, и обратно “, додаде Мрчела.

Извештајот ги испитува мерките преземени во 2020 година во земјите-членки на ГРЕКО за спречување корупција во рамките на 4-от циклус на оценување – што се однесува на парламентарци, судии и обвинители, и 5-тиот циклус на оценување, кој се фокусира на централните влади – вклучително и високи извршни функции и агенции за спроведување на законот.

До крајот на 2020 година, земјите-членки на ГРЕКО целосно имплементираа речиси 40 отсто од препораките насочени кон спречување корупција на парламентарците, судиите и обвинителите. Препораките со најниско ниво на усогласеност се однесуваа на парламентарците (само 30 отсто целосно спроведени), проследени со препораките до судиите (41 отсто) и обвинителите (47 отсто).

Од 31 декември 2020 година, 16 земји беа предмет на постапка за непочитување на ГРЕКО заради ниското ниво на усогласеност на препораките во однос на пратениците, судиите и обвинителите: Андора, Ерменија, Австрија, Босна и Херцеговина, Чешка Република, Данска, Германија, Унгарија, Луксембург, Молдавија, Монако, Полска, Португалија, Романија, Србија и Турција. Во март 2021 година, ГРЕКО одлучи да не го применува повеќе во Португалија.

Во однос на препораките за судиите, Кипар, Данска, Финска, Норвешка и Шведска целосно ги имплементираа сите препораки. Други земји со високо ниво на усогласеност со препораките во врска со судиите беа Летонија (86 отсто), Естонија (80 отсто), Северна Македонија (75 отсто) и Словенија (75 отсто).

Извештајот, исто така, подвлекува дека борбата против корупцијата и почитувањето на владеењето на правото одат рака под рака, и дека владеењето на правото и независноста на судството никогаш не треба да се поткопуваат во името на борбата против корупцијата.

Дел од извештајот за Северна Македонија

Заклучно со 31 декември 2020 година, Северна Македонија целосно спроведе 13 од 25 препораки издадени од ГРЕКО. Десет препораки беа имплементирани делумно, а две препораки останаа неспроведени, тоа во проценти изгледа вака: 52 отсто се спроведени, 40 отсто делумно и осум отсто не се спроведени. Или во детали, за парламентарците се спроведени 28,6 отсто од препораките, 57,1 отсто се делумно и 14,3 отсто не се спроведени. За судиите спроведеноста на препораките е највисока дури 75 отсто, делумно се 16,7, а 8,3 отсто не се спроведени. За обвинителите се спроведени 33,3 отсто од препораките, 66,7 отсто се делумно спроведени.

Групата држави против корупција (ГРЕКО) е тело на Советот на Европа кое има за цел да ги подобри капацитетите на нејзините членки за борба против корупцијата преку следење на нивната усогласеност со антикорупциските стандарди. Тоа им помага на државите да ги идентификуваат празнините во националните антикорупциски политики, поттикнувајќи ги да ги преземат потребните законодавни, институционални и практични реформи. Во моментов ја сочинуваат 47 земји-членки на Советот на Европа, Белорусија, Казахстан и Соединетите Американски Држави.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Централен одбор на ДОМ. Фото: dom.org.mk

    ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Престолонаследникот Реза Пахлави ги повика Иранците на национално востание: „Сега е време да го вратиме Иран“

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ