• Latest

ГРЕКО: Северна Македонија на задоволувачки начин ги спроведува препораките на Групата земји против корупцијата

October 2, 2020

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ГРЕКО: Северна Македонија на задоволувачки начин ги спроведува препораките на Групата земји против корупцијата

October 2, 2020 10:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Групата земји против корупцијата (ГРЕКО), независна експертска група на Советот на Европа, во Извештај објавен денеска во Стразбур, оценува дека од 19-те препораки содржани во четвртиот извештај за проценка, посветен на превенцијата на корупцијата кај парламентарците, судиите и обвинителите, Северна Македонија спровела на задоволителен начин девет, осум се делумно имплементирани и две не се спроведени, јави дописникот на МИА.

Генерално, како што стои во заклучоците на Извештајот, направени се забележителни напори од страна на властите да ги променат релевантните законските рамки за оваа проценка. Во некои аспекти, напредокот останува делумен, бидејќи сè уште треба да се решат голем број празнини и останува да се види постојана практична примена на новите правила.

За пратениците, ревидираниот етички кодекс не пропишува конкретно однесување за разни ситуации на судир на интереси и интеракции со лобисти, а неговите одредби за донации не се поедноставени. Санкциите за кршење на Кодексот се проширени, но нивното наметнување е во надлежност на надзорниот орган и нивната сила на одвраќање е дискутабилна и сомнителна. Исто така, додека новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси санкционираше некои прекршоци, други беа изоставени и не беа презентирани убедливи податоци за конечниот исход на постапката во врска со пратениците или за санкциите што се применуваат според санкциите предвидени со правилата.

Што се однесува до судскиот систем, ГРЕКО нагласува дека едно од достигнувањата се однесува на непрофесионалните судии. Може да се очекува проширување на Кодексот за етика за судии и организација на низа насочени задолжителни обуки за зајакнување на нивната непристрасност и интегритет. Друг позитивен развој е воведувањето правила и упатства за прифаќањето подароци, гостопримливост и други придобивки и за судиите и за непрофесионалните судии.

ГРЕКО сепак е особено загрижен што претходните најави за официјално исклучување на министерот за правда од Судскиот совет не се спроведени. Понатаму, и покрај пофалните напори да се разјаснат дисциплинските прекршоци што се применуваат и за судиите и за обвинителите, се оценува дека опсегот на санкции што се применуваат за нив не е проширен за да се обезбеди поголема пропорционалност. Што се однесува до обвинителите, постоењето на повеќе несоодветни правила за однесување, исто така, останува извор на загриженост.

Групата го поздравува значително зајакнатото регулирање на условите за избор, именување и разрешување на Државната комисија за спречување на корупција воведен со новиот закон, кој ќе има потенцијал да ја заживее независноста и професионалноста на ова тело. На хартија, проверката на интересите и средствата е рационализирана и демонстриран е порамномерен пристап во однос на случаите од широк политички спектар. Сепак, останува да се види дали во пракса се случува подетален преглед на изјавите за имотна состојба во однос на трите испитани професионални групи.

Со оглед на постигнатите достигнувања, ГРЕКО заклучува дека сегашното ниво на усогласеност со препораките веќе не е „генерално незадоволително“ во смисла на ревидираното правило 31, став 8.3 од Деловникот на Групата земји против корупцијата. Затоа ГРЕКО одлучи да не го применува членот 32 во врска со земјите членки кои не се во согласност со препораките содржани во извештајот за евалуација.

Согласно со тоа, ГРЕКО бара од шефот на делегацијата на Северна Македонија да достави извештај за мерките преземени за спроведување на препораките кои се делумно спроведени најдоцна до 30 септември 2021 година.

На крајот  ГРЕКО ги поканува властите во Северна Македонија што е можно поскоро да го преведат и да го објават преводот на Извештајот. 

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ