• Latest

Грковска-Брнз: Продолжува поддршката и соработката за унапредување на демократските процеси и стратешките реформи

January 20, 2022
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска-Брнз: Продолжува поддршката и соработката за унапредување на демократските процеси и стратешките реформи

January 20, 2022 13:20
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз, придружувана од д-р Ерик Јановски, претставник на Канцеларијата на УСАИД (Агенција на САД за меѓународен развој) во Република Северна Македонија, како и д-р Слаѓана Србиноска, менаџер-специјалист во американската Агенција.Амбасадорката Брнз на вицепремиерката Грковска ѝ го честиташе стапувањето на новата должност, потенцирајќи ја отвореноста на САД за соработка и продолжување на спроведување на реформите и системските мерки, кои  се од огромна  важност во квалитетната борба против корупцијата и од значење за унапредување на евроинтегративниот процес на државата.

Грковска, ја изрази својата подготвеност за продолжување на досегашните успешно спроведени стратешки цели и приоритети за зацврстување на доброто владеење во државата, со фокус на владеењето на правото, редот, антикорупцијата и безбедноста, како владини политики, важни за сите граѓани на државата.

Беше констатирано дека досегашните резултати во овие области се солидна основа за остварување на веќе планираната надградба на Планот за борба против корупцијата темелена на четири столба: дигитализација, независно и ефикасно правосудство, професионализација на институциите и превентивни мерки.

Заменичката Грковска и Амбасадорката се согласија дека ќе продолжат со плодната соработка во насока на остварување на стратешката цел на Владата за добро владеење со цел државата да има професионални институции кои работат и остваруваат во полза на граѓаните.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ