• Latest

Грковска-Рици: Соработката меѓу Северна Македонија и UNODC дава резултати, креирањето на ефикасни Антикорупциски политики е наш приоритет

July 8, 2022
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска-Рици: Соработката меѓу Северна Македонија и UNODC дава резултати, креирањето на ефикасни Антикорупциски политики е наш приоритет

July 8, 2022 17:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска во Виена имаше работен состанок со Данило Рици, претставник на Регионалната канцеларија за Jугоисточна Европа на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC).

На состанокот се разговараше за досегашната соработка во рамки на Регионалната програма на UNODC за Југоисточна Европа, со посебен фокус на Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и нелегални финансии, во којшто неодамна се вклучија земјите од Западен Балкан.

Вицепремиерката Грковска се заблагодари за огромната поддршка од UNODC, што доаѓа во континуитет во делот на јакнење на капацитетите на државата и нагласи дека Владата на Северна Македонија во изминатите неколку години активно работи на преземање мерки и активности за спречување на корупцијата и криминалот, во секоја сфера од општеството.

„Со UNODC имаме одлична соработка и како Влада, но и со мојот Кабинет, каде што посебно би ја нагласила поддршката за активностите кои заедно ги реализираме против корупцијата во спортот, како и во делот на реализацијата на Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот“, потенцираше Грковска.

Во разговорот, претставникот на Регионалната канцеларија за Jугоисточна Европа, Рици кажа дека UNODC дава целосна поддршка на Северна Македонија и изрази подготвеност соработката да продолжи во сите приоритетни области.

Дваjцата соговорници договорија и заеднички активности во делот на соработката на регионално ниво со земјите од Западен Балкан и под покровителство на UNODC, каде во фокусот ќе биде Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и нелегални финансии.

Вицепремиерката Грковска e во дводневна работна посета на Виена, каде учествува на Регионална средба во рамките на проектот „Од недозволени финансиски текови до обнова на имотот“. Целта на состанокот е на регионално ниво да се дискутира за стратешките определби на земјите од регионот во однос на конфискацијата и одземање на имот. Проектот има за цел да ги подобри капацитетот на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, како и Косово според Резолуцијата на ОН 1244, да се повратат приходите и инструментите од криминал и да се зајакне размената на информации или докази кои водат до заплени и конфискации.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ