• Latest

Грковска: Родовата еднаквост и зајакнувањето на жените е прашање на правда, имаме обврска да ги искористиме капацитетите, знаењето, вештините буквално на сите

October 14, 2022

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: Родовата еднаквост и зајакнувањето на жените е прашање на правда, имаме обврска да ги искористиме капацитетите, знаењето, вештините буквално на сите

October 14, 2022 17:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter
Во овие тешки времиња кога целиот свет се соочува со  сериозни закани по светскиот мир, како и серозна економска и енергетска криза, на светот му треба разумот на жените, му треба нивната остроумност, мирољубивост, кои се главни постулати на жените во практикувањето на политиките, особено во надворешната политика, порача заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на панелот на темата „Придонесот на невладините организации во процесот на одлучување, што се одржа во рамките на втората меѓународна конференција“, „Жените во надворешната политика“, информираат од Владата.

На почетокот на своето обраќање таа оддаде почит на Илинка Митрева, првата дама во македонската дипломатија, која, како што рече, остави значаен белег во позиционирањето на Северна Македонија на светската политичка сцена и ја покажа силата на жените и нивната непоколебливост кога е во прашање одбраната на државните интереси и градењето на мирот.

„Навистина се радувам што сум дел од овој Панел чија задача во основа е да го истакне значењето на граѓанскиот сектор во градењето на политиките и секако на крајот носењето на одлуките. Граѓанскиот сектор има и треба да има големо значење во креирањето на сите политики, бидејќи тие со својата експертиза, знаење, па ако сакате и еден вид надзор даваат додадена вредност на дефинираните политики“, оцени вицепремиерката Грковска.

Ова, нагласи таа, е особено значајно кога зборуваме за придонесот што граѓанскиот сектор го дава во креирањето на сензитивни политики, како што се родовата еднаквост, дискриминацијата или пак правата на лицата со попреченост.

„Нивниот сензибилитет е движечка сила за целото општество. Родовата еднаквост е прашање за кое треба сите заедно, и мажите и жените отворено да зборуваме. Бидејќи, како и сите други прашања, успех можеме да постигнеме само ако изградиме свесност кај сите дека во сите општествени процеси треба подеднакво да бидеме вклучени сите. Јас ви гарантирам дека и во оваа тешка светска политичка, економска и енергетска криза до решенијата побрзо ќе се дојде ако во меѓународните процеси се вклучени повеќе жени“, оцени Грковска.

Таа во своето обраќање ја цитираше познатата изрека на поранешната премиерка на Велика Британија, „железната дама“ Маргарет Тачер, која вели: „Ако сакаш нешто да биде кажано, побарај од маж, но ако сакаш нешто да биде направено, побарај од жена“.

„Родовата еднаквост и зајакнувањето на жените е прашање на правда и човекови права. Како држава имаме обврска да ги искористиме капацитети, знаењето, идеите, вештините буквално на сите. Талентот и потенцијалите на секој граѓанин, се и наш талент и потенцијал. Нивното знаење е наша заедничка предност, нивното искуство е наша заедничка придобивка, нивната храброст е наш потенцијал. Ние треба да им дадеме шанса да го покажат своето знаење и способности, а придобивките од тоа ќе бидат на целото општество“, порача вицепремиерката Грковска.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ