• Latest

Грковска: За реформите во образованието да изградиме консензус, веќе немаме право на грешки

November 10, 2022
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
Фото: А. Петровска / ЦИВИЛ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

September 10, 2025

Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата

September 10, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Институционалната криза во Косово продолжува; Сомнежи за масовна гробница во депонија кај Нови Пазар; Нетранспарентните договори на консултантските услуги во Албанија се нелегални

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Германија и Франција бараат санкции за Лукоил – што со подружниците во регионот

September 10, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

September 10, 2025
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Русија ги засилува напорите за дезинформации додека Трамп се откажува од отпорот

September 10, 2025
Campaign illustration, source- Ukraine solidarity campaign

Фон дер Лајен: Секое киднапирано дете од Украина мора да биде вратено

September 10, 2025
Фото: МИА архива

Над 630 српски лекари во отворено писмо до властите: Репресијата зачекори во срцето на здравствениот систем, ја урна границата на цивилизацијата кон варварство

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Грковска: За реформите во образованието да изградиме консензус, веќе немаме право на грешки

November 10, 2022 15:27
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

„Од квалитетот на образованието зависи капацитетот на човечкиот капитал што една држава го поседува. Едно општество може да оди напред само со квалитетен образовен систем, кој ќе продуцира кадри кои ќе бидат двигатели на позитивните општествени процеси“, оцени заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешниот состанок што го организираше заедно со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани, а на кој присуствуваше и регионалната директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија, Афшан Кан, информираат од Владата.
На состанокот, на кој се разговараше за подобрување на ефикасноста, ефективноста и правичноста на буџетските расходи за основното образование присуствуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусени, повеќе градоначалници од сите региони во земјава, пратеници од Собранието на Северна Македонија, експерти од Министерството за финансии, Штефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ во земјава, како и претставници од Светска банка.

„За жал, сите меѓународни извештаи покажуваат дека имаме проблем со квалитетот на знаењето и стручната подготовка на младите. Алармот е веќе вклучен, и за Владата и за локалните самоуправи, и за вработените во образованието.  Ако веднаш не преземеме конкретни мерки и чекори, ќе биде доцна. Веќе немаме право на грешки, немаме право на импровизации, немаме право на партиски поделби, веќе немаме право на наши и ваши реформи. Да ги засукаме ракавите сите заедно, да постигнеме консензус дека образованието и нашите млади ни се најважни и да почнеме да работиме“, нагласи вицепремиерката Грковска.

Вицепремиерката Грковска изрази задоволство што е отворена дебатата за финансирањето на образованието, за висината на инвестициите во образовните објекти, за блок дотациите наменети за плати за наставниот, стручниот и техничкиот кадар, како и за вкупниот буџет што државата го одвојува за образованието.

„Промени во начинот на финансирање на образованието мора да има, но промени и во свеста и кај наставниот кадар, но и кај граѓаните мора да има. Мора да се мотивираат сите на образованието да гледаат како на процес за стекнување знаење и вештини, а не како на пат кој мора да се изоди само за да се добие повисока оценка“, потенцираше таа.

Регионалната директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија, Афшан Кан оцени дека за секое дете да може да учи и да го постигне својот целосен потенцијал, од клучна важност е училиштата да имаат соодветни ресурси, а наставниците да добиваат поддршка приспособена на нивните потреби.

„Владата на Северна Македонија вложи огромни напори да ги зголеми инвестициите и да ја подобри ефикасноста и правичноста во распределбата на трошоците во образованието за секое дете, без оглед кое е и каде живее, да добие квалитетно образование. Неопходно е силно партнерство за да го вратиме учењето на секое дете на вистинскиот пат и затоа УНИЦЕФ продолжува посветено да работи со Владата и со сите партнери за ова да се оствари,“ рече Кан.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири информираше за плановите за реформи во образованието кои треба да овозможат унапредување на квалитетот.

„Владата работи на приближување на јавните расходи за образование, како процент од БДП, до нивоата на развиените земји, со што ќе обезбедат доволно средства за инвестиции во училишните објекти, набавка на современи наставни помагала, инклузивно образование, образование на јазиците на различни етнички заедници и професионален развој на наставниците“, рече Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

УНИЦЕФ ги поддржува централните и локалните власти да ги зајакнат капацитетите за развој и воведување на нов систем за транспарентна и правична распределба на средствата за основните училишта. Десет општини што први го започнаа процесот добиваат поддршка за подготовка на локални планови за оптимизација, во тесна консултација со учениците, родителите и наставниците.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ