Германија го стопира најголемиот извоз на оружје во Турција, поради влошената ситуација со човековите права во Турција и сè позатегнатите односи со оваа земја, која е и НАТО членка. Ова го јавуваат организациите и глобалните коалициии за контрола на оружјето, како што е Control Arms, а чија членка е и ЦИВИЛ – Центар за слобода, од првите денови на формирање на оваа глобална мрежа.
Одлуката е објавена откако потпаролот на Министерството за надворешни работи во Берлин изјави дека поради политички обвиненија е притворена уште една германска двојка во Турција.
„Ги стопиравме сите барања за извоз на оружје што ни ги испрати Турција, а ги има навистина многу“, изјави министерот за надворешни работи Зигмар Габриел. Односите меѓу Анкара и Берлин се под зголемен притисок, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, започна да се пресметува со политичките противници во Турција.
Турција и Германија, исто така, се спротивставени околу одбивањето на Берлин да ги екстадира турските барателите на азил. Анкара обвинува за вмешаност во неуспешниот државен удар, додека Берлин бара ослободување на десетина германски или турски германски државјани, кои беа притворени од турските власти со политичките обвиненија, во изминатите месеци.
Влошувањето на односите меѓу двете земји ја наведе германската канцеларка Ангела Меркел да изјави дека ќе се обиде да стави крај на преговорите за членство на Турција во Европската унија.