• Latest

Германија не се вклучува во преговорите

February 21, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Германија не се вклучува во преговорите

February 21, 2018 12:45
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Германија не се вклучува во процесот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, коментирајќи ја денешната посета на премиерот Зоран Заев на Берлин, каде што тој ќе има средба со канцеларката Ангела Меркел, која пак вчера имаше имаше телефонски разговор со Алексис Ципрас, а в петок ќе имаат средба во Брисел.

– Не. Германија не се вклучува. Преговорите се водат под закрилата на Обединетите нации и медијаторот Метју Нимиц. Се работи за билатерална средба, на која ќе се разговара за повеќе работи, економски прашања, истакна Бошњаковски.

На прашањето дали Германија може да биде тој меѓународен фактор кој би влијаел врз двете земји доколку преговорите закочат Бошњаковски напомена дека земјата нема да се вклучува во процесот, но оти одредени пријатели на двете земји имаат свое видување за работите.

– Одредени пријатели на Република Македомнија и Република Грција имаат свое видување за работите, можно е да се дискутира, меѓутоа нема да учествуваат во преговорите, додаде Бошњаковски.

Тој истакна дека оптимизмот кој го изразува премиерот Заев дека до јули ќе биде пронајдено решение за спорот со Грција за името се должи на повеќе фактори, средбата на премиерите Заев и Алексис Ципрас, отворање на затворени прашања за кои 15 години не биле дискутирани, интензивни контакти на министрите за надворешни работи на двете земји.

– Придвижувањето на самите разговори е доволен показател дека постои простор за оптимизам, вели Бошњаковски, коментирајќи ги и информациите кои од грчка страна пристигнуваат во врска со преговорите.

– Информациите пристигнуваат од различни извори. Тоа што го има во формалните контакти е една работа и во принцип нема да шпекулираме со должината на преговорите со цел да не се наруши процесот, додаде Бошњаковски.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: билатерална средбаБошњаковскивладаГерманијаМакедонијапосета
Share35Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result