• Latest

Героски: Борбата за медиумските слободи е секојдневие!

November 5, 2017
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Героски: Борбата за медиумските слободи е секојдневие!

November 5, 2017 10:53
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бранко Героски, уредник на дневниот весник Слободен печат и порталот Плусинфо во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува за слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот. 

ЦИВИЛ Медиа: Што подразбирате под слобода на изразувањето, медиумски слободи и активизам?

Героски: За нас како новинари и како медиуми слободата на изразувањето е кислород. Тоа е неопходна состојка во околината околу нас за да воопшто можеме да преживееме. Имало периоди кога сме преживувале и во поприлично отсуство на кислород. Таков беше периодот во последната декада. Тоа ја роди потребата од еден посериозен активизам, од борба, да речам, и самите да се потрудиме да се избориме за ова основно човеково право. Покрај фактот што основните човекови права се подразбираат односно се стекнуваат со самото раѓање, во едно демократско општество тие треба да бидат корпус на стекнати права. За жал ние имавме период кога тоа право ни беше одземено. Но, со еден силен граѓански активизам мислам дека успеавме да се бориме. Не знам колку се изборивме, но сепак нешто постигнавме во целиот овој период.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин ги поддржувате или можете да ги поддржите слободата на изразување, медиумските слободи и активизмот?

Героски: Ние сме новинари. Тоа е нашата основна професија. И најдобриот начин тоа да го правиме, единствениот начин тоа да го правиме, односно да ја поддржуваме слободата на изразување е всушност да ја практицираме секојдневно. За нас тоа значи секојдневна борба и секојдневен предизвик, бидејќи слободата не е дадена, туку е зададена, па оттука битката за нејзино освојување за нас почнува секое утро, кога ќе дојдеме на работните места во редакцијата и кога се обидуваме да произведеме весник, содржини на веб-страниците или друг вид на производ. Според тоа нашиот залог во оваа општествена акција за повеќе слобода на изразување, и за повеќе слобода воопшто, се мери буквално секој ден со нашите успеси или неуспеси. Така што за нас тоа практично е секојдневна работа. Дел од секојдневниот живот. За некои други од чија поддршка исто така многу зависиме, тоа е можеби некаква дополнителна задача и акција. Но, би апелирал, сите општествени ентитети, субјекти и така натаму да сфатат дека борбата за слобода на изразување е дел од нивната социјална одговорност, дел од одговорноста кон ова општество за тоа да биде демократско.

ЦИВИЛ Медиа: Дали се соочувате со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќта и како се справувате со нив?

Героски: Притисоци имало секогаш и јас очекувам дека и во иднина до крајот на мојата новинарска кариера дека ќе се соочувам со таков вид на притисоци. Тие доаѓаат од разни страни. Понекогаш од страната на противникот, од тој што всушност има реална сила и моќ да ви ја одземе слободата и тоа е нешто што особено се случуваше во последната деценија, нешто што јас не го очекував, лично, бидејќи претходно, во периодот на транзицијата на медиумите ние поминавме една сериозна, тешка битка, од период на едноумни медиуми да дојдеме до период на плурализам во медиумите. Тоа беше нашата битка. Тоа беше битката на мојата младост. И јас искрено, не очекував дека ќе дојдеме во таква ситуација повторно да биеме некакви стари и веќе еднаш добиени битки. Но тоа се случуваше. За жал, тоа се случува, понекогаш, и како таканаречен пријателски оган, односно како притисоци кои доаѓаат условно речено од нашата страна или од страната која се бори за истата кауза. Бидејќи насекаде постојат луѓе коишто не разбираат дека слободата подразбира и слобода да се критикуваат и луѓето со кои споделуваат иста кауза, и слобода да се дебатира и со оној кој те мрази, па дури и слобода, односно обврска, да се почитува и слободата на некој да претера, да ја помине црвената линија, да зборува со јазик на омраза, да направи некакви постапки кои не се дозволени, а сепак тоа да се издржи. На книга да се врати со книга, велат старите. Тоа е тешка обврска за луѓето, но е неизбежна ако сакаме да поставиме еден систем на слободи во општеството.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки, како да се одбранат слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот?

Героски: Најважната препорака е да сфатиме дека медиумските слободи, граѓанскиот активизам и слободата воопшто не може да биде борба само на избрани поединци кои поради некакви причини се задолжени да ја бијат. Или можеби, привилегирани, поддржани од странски фондации, да ја бијат таа битка. Тоа мора да биде борба поставена на една широка општествена основа.

Мојата препорака е сите субјекти, значи стопанските субјекти, политичките субјекти, обичните граѓани, кај сите да се развие свесноста дека ако во државата нема слобода на изразување, ако нема слободни медиуми, ако нема демократски слободи, ако не постои граѓански активизам, ако не постојат индивидуални слободи и поедници кои се борат за својата кауза, па таа нека е и најлошата кауза на светот, тогаш всушност, општеството во својата основа е гнило. И на крајот тоа ќе се одрази и врз она што, нели, „она што не се јаде“, односно врз нашето чувство дека сме неслободни, но и врз она што се јаде, врз економијата, врз бизнисот и така натаму. Не случајно, неслободните општества во принцип се и сиромашни општества во кои владеат диктатури, во кои луѓе се убиваат, во кои владее тотален општествен хаос. Затоа мора да се сфати дека социјалната одговорност за оваа битка лежи кај сите, а не само на избрани поединци.

Ангела Петровска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: @активизамборбаБранко Героскимедиумска слободановинарствосекојневиеслобода на изразувањеуредник
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ