• Latest

Грчката полиција смета дека Групата на народни борци стои зад денешната експлозија во Атина

December 22, 2017

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грчката полиција смета дека Групата на народни борци стои зад денешната експлозија во Атина

December 22, 2017 11:18
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Одделот за антитероризам на грчката полиција се сомнева дека Групата на народни борци стои зад денешната силна експлозија во зградата на Апелацискиот суд во Атина, јави електронското издание на весникот „Прото тема“.

Претставници на службата за борба против тероризмот сметаат дека начинот на кој дејствувале напаѓачите личи на бомбашкиот напад врз банка на 19 април годинава, како и на поставувањето експлозивна направа во вреќа на 12 декември пред Министерството за труд. Се истакнува дека во вториот случај не дошло до експлозија поради проблеми во експлозивната направа. Во двата напади извршителите биле двајца, како и денеска, и се движеле со автомобили.

Одговорността за нападот врз банката ја презеде Групата на народните борци, активна организација за која аналитичарите од грчката антитерористичка служба сметаат дека се дел од „сферата на влијание“ на семејството терористи Никос Мазиотис и Пола Рупа, кои се наоѓаат во затвор.

Станува збор за активисти на раководството на групата Револуционерна борба, кои веќе извесно време штрајкуваат со глад затоа што, како што тврдат, властите не им дозволуваат да си го видат детето.

Во врска со денешниот напад се испитуваат и други верзии, со оглед на тоа што во моментов како активни се сметаат уште две терористички организации – Заговор на огнените јадра и Револуционерна самоодбрана.

Бомба експлодира рано изутринава во Апелацискиот суд во Атина, предизвикувајќи сериозни оштетувања на зградата и на неколку околни објекти, но не и човечки жртви.

Како што јавија грчките медиуми, силната експлозија, која се слушнала на голема оддалеченост, предизвикала шок и вознемиреност меѓу жителите на Атина.

Полицијата информира дека околу 2:50 часот по локално време (1:50 по средноевропско време) непознато лице се јавило во редакциите на „Весникот на уредниците“ и на „Зугла“, предупредувајќи дека за 40 минути ќе експлодира бомба во зградата на Апелацискиот суд.

По ова, припадници на полицијата го блокирале реонот околку судот и целосно ја испразнила зградата.

Полицијата соопшти дека смета оти станува збор за „чин на тероризам“, без да објави повеќе детали за причините за таквата оценка.

На местото на експлозијата се уште се води истрага за утврдување на видот на бомбата и за откривање на сторителите.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: АтинаВомбаГрција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ