• Latest

Груби: Албанскиот јазик е еден од столбовите на Охридскиот договор, со употребата се добија многу полојални граѓани

July 30, 2021
Фото: СКриншот од видео на ВВС

Израелските семејства на заложниците во Газа ги блокираат главните патишта за време на протестите во градовите низ Израел

August 26, 2025
Фото: Wikipedia/federalreserve.gov

Трамп нареди разрешување на гувернерката на Федералните резерви, Лиса Кук – голема ескалација во неговата битка против американската централна банка

August 26, 2025

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Груби: Албанскиот јазик е еден од столбовите на Охридскиот договор, со употребата се добија многу полојални граѓани

July 30, 2021 14:52
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешниот настан, што беше организиран од страна на Агенцијата за примена на јазикот, на кој беа врачени сертификати на преведувачи на албански јазик кои работаат во државните институции, се обрати вицепремиерот и министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

„Сведоци сте дека во Влада се зборува албански јазик, секој ден во Собранието се зборува албански, како и во канцеларијата на претседателот на државата, но најважно од се е дека од употребата на албанскиот јазик, како придобивка од Охридскиот рамковен договор не изгуби никој, најмалку изгубија Македонците, напротив се добија многу полојални заедници, многу полојални граѓани затоа што колку е полојална државата кон граѓаните и заедниците, толку се полојални граѓаните и заедниците кон државата, нагласи  Груби.

Тој, на денешниот настан, што се одржа во низата случувања по повод одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор, нагласи дека употребата на албанскиот јазик е еден од столбовите на Охридскиот договор.

Министерката за образование и наука Мила Царовска, по тој повод истакна дека како Влада покажале оти посветено работат да создадат образование коешто се грижи за сите ученици и кое што нуди можност секој ученик да учи на својот мајчин јазик, не само да учи, туку и да дискутира за културата на другите коишто живеат блиску во неговата заедница.

– Ако заедно чувствуваме дека припаѓаме на оваа држава, дека заедно се бориме за нејзината иднина и за нејзината благосостојба, како и на секој граѓанин, тогаш навистина можеме заеднички да постигнеме многу повеќе. Новата концепција за основно образование, токму тоа го предвидува. За прв пат во основното образование во нашата држава се поставуваат три вредносни столбови. Еден од клучните столбови е интеркултура, како заеднички да создаваме граѓани кои што се грижат едни за други, коишто учат и зборуваат на својот мајчин јазик и сите заедно придонесуваат кон развој на државата и економски и социјален, наведе Царовска.

Министерката за образование и наука посочи дека другите два столба се инклузивноста, што значи дека на секој еден треба да му дадаме можност да го постигне својот максимален потенцијал, независно од каде доаѓа и колку може, а третата компонента е родовата рамноправност – и жените и мажите да можат да го постигнат својот полн потенцијал во нашата држава.

– Само такво образование може да понуди просперитет на земја којашто се стреми да ги постигне европските стандарди, но и свестските стандарди, затоа што тие претпочитаат почитување на моето право, почитување на правото на тој до мене и заедничко градење на иднината, заклучи Царовска.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ