Владата ќе ги субвенционира приватните компании кои ќе вработат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници, најави синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, првиот вицепремиер Артан Груби.
Груби додаде дека оваа мерка во Влада ќе се разгледува во следниот период.
„Доколку приватни компании вработуваат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници ќе ја разгледаме можноста да ги субвенционираме овие компании. Сите компании кои ќе ја запазат правичната застапеност ќе бидат помогнати од Владата“, потенцираше првиот вицепремиер.
Инаку вечерва во емисијата се разговараше и за родовата еднаквост, за која пак Груби рече дека е направена грешка бидејќи ниту една жена од ДУИ не е дел од новата Влада.