Кога Албанците, Македонците и другите се здружени, им пркосат на препреките и ги отвораат перспективите за идните генерации да живеат во мир, слобода, демократија и во пријателство со другите народи. Токму Илинден го одбележуваме како еден од тие моменти на соединување во историјата за подобра заедничка иднина за сите нас, се вели во честитката од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби по повод 2 Август – Денот на Републиката.
Заедно сме посилни, подобри, порача првиот вицепремиер на Владата на Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, во честитката до сите граѓани на земјата по повод 2 Август – Денот на Републиката.
Во честитката, Груби истакнува дека токму Илинден го одбележуваме како еден од тие моменти на соединување во историјата за подобра заедничка иднина за сите нас.
„Од Крушево, па се до Охрид, напорите за слобода и еднаквост се соочуваа со безброј предизвици низ децении, системи и власти. Но, идејата на којa и е дојдено времето и волјата на граѓаните за да живеат слободни и еднакви не може да ја спречи ниедна власт“, се вели во честитката на првиот вицемпремиер Груби објавена на неговата официјална Фејсбук страница.