Со капче со стреа на главата, фамозните очила за сонце и палто врз рацете, за да не се гледаат лисиците што му ги ставиле, денеска бегалецот и некогашен премиер Никола Груевски беше донесен во Унгарскиот суд, каде денеска се одлучува за неговата екстрадиција.
Груевски е уапсен изутринава во Будимпешта по барање на судот. Рочиштето е затворено за медиуми, а деталите ќе се знаат по завршувањето на постапката по барањето на Северна Македонија за екстрадиција на озлогласениот политичар.
Македонија бараше екстрадиција за одлежување на двегодишната затворска казна за набавката на мерцедесот во случајот на СЈО, „Тенк“ и за настаните кои се случија во Собранието на 27 април 2017 година, за што е осомничен дека бил еден од организаторите на крвавиот настан без преседан во европската понова историја.
Останува да видиме каква ќе биде одлуката на судот во Будимпешта, но без оглед на сѐ, Груевски со лисици на рацете е повеќе од настан на денот.
М. Ивановска