Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, бегалецот Никола Груевски е најомилен политичар во Северна Македонија пред актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, покажува последната анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Северна Македонија.
На прашањето на ИРИ – „Кога размислувате за луѓето во политичкиот живот, на која личност од Северна Македонија гледате најповолно”, најголем дел од испитаниците рекле дека тоа е поранешниот премиер Груевски.
Довербата за него е 7%, односно пораснала двојно, споредено со минатогодишните 3%. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има доверба од 6%, односно му се намали довербата споредбено со лани кога имаше 8 отсто.
Д.М.