Со тапани и свирчиња не се прави тероризам и рушење на уставниот поредок, рече побегнатиот криминалец Никлош Грујош (како што нагалено го викаме натурализираниот Унгарец) од Будимпешта на Фејсбук.
И, во право е!
Не се прави тоа со свирчиња и тапани, туку со насилство, претепување пратеници и обиди за убиство над нив, со планиран напад, инструкции, делење оружје и други соодветни нишани. А сите тие ги имаше на 27 април 2017, во изобилство.
Лесно му е на побегнатиот пастир да мудрува на Фејсбук и од далеку. Засега е безбеден, но никој не знае до кога.
Туку, Нека ги праша ги Миле, Трајко, Спиро и другите што мислат за тоа, и дали пак би се нафатиле да ги спроведат неговите лудачки планови.
Мене само едно нешто ме буни, ајде свирчињата и тапаните, ама оти ги заборави папучите, оние од кои го повика народот да излезе и да маршира за тебе на улица, а Никола?