• Latest

Група вработени во Агенцијата за разузнавање со скандалозни тврдења: Мицкоски е вазал на Српските служби, подготвува паравоени структури од членови на партијата

June 12, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Група вработени во Агенцијата за разузнавање со скандалозни тврдења: Мицкоски е вазал на Српските служби, подготвува паравоени структури од членови на партијата

June 12, 2025 14:14
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Неодамна, во Редакција ЦИВИЛ МЕДИА пристигна допис од група вработени во Агенцијата за разузнавање (АР) со кој се обраќаат до јавноста, изразувајќи надеж дека сè уште постојат професионални медиуми кои ќе ја пренесат нивната порака, со цел да ја информираат јавноста за сериозните проблеми во Агенцијата во време кога, како што велат, „веќе де факто немаме власт“.

Заради сериозноста на наводите во соопштението, редакцијата на Цивил Медиа прво истражи дали навистина постои таква „група вработени во АР“, стапувајќи во контакт со доверлив извор во Агенцијата кој побара да остане анонимен. Изворот ја потврди автентичноста на соопштението и дека зад групата вработени кои се потписници на соопштението стојат автентични личности вработени во АР.

Членовите на групата, за себе велат дека се патриоти кои си ја сакаат државата и се секогаш чекор понапред од злонамерните и корумпирани политичари, како и криминални структури кои работат заедно со одредени политички структури. Такви биле случаите кога информирале дека Горан Николовски викан „Џони“ ќе биде избран за Советник за Национална Безбедност на Премиерот, што и се случи.

Групата вработени во Агенцијата за разузнавање посочуваат и на даденото ветување дека Душко Марковски во ниту една можна комбинација нема да биде дел од безбедносните структури, што е исто така исполнето, како и за незаконското поставување на  Игор Андоновски за началник на АНБ за Град Скопје, откако информирале за тоа, додека лицето Љубчо Андоновски глумело експерт, само за синот да добие унапредување – што и се случи, а сега го спремаат и за нов Директор на новата служба за неколку години. Фамилијарно, како во време на комунизмот, посочуваат тие во дописот.

Во писмото, групата наведува неколку шокантни и алармантни факти за безбедноста на земјата, а како пример ги посочуваат „празните зборови на Премиерот“ за кого велат дека работи „по наредба на неговиот шеф Вучиќ“. Понатаму, тие посочуваат дека „многу НАТО членки ги споиле своите служби е само гола реторика, за да го оправда градењето на својата диктатура“.

Од групата истакнуваат дека единствена служба која ги споила своите капацитети е Хрватската СОА и прашање на време е кога ќе ги раздели пак.

Република Македонија не може да се спореди со ниедна друга држава бидејќи е уникатен проблем и не постои здраворазумен аргумент за спојување на службите, велат нашите извори.

Се разбира, никогаш не слушнавме ни еден аргумент освен дека некоја друга земја ги споила своите капацитети. Нема ни да слушнеме, Премиерот е Tabula Rasa за безбедност, а исто и неговите „советници“. Идеи за спојување доаѓаат само лица кои се дел од Југословенските комунистички структури или од лица кои биле дел од црното минато на Република Македонија во УБК, велат од Групата вработени во АР.

Покрај тоа, како што велат од Групата во продолжение на дописот, „сведоци сме како Премиерот со директни закани ги менува членовите на судски совет, како со директни закани и уцени го чува првиот Јавен обвинител Коцевски“.

„Ова диктаторско однесување по теркот на неговиот шеф на север ќе ја воведе државата во нова криза“, алармираат тие во дописот и апелираат до некој здраворазумен обвинител и судија, по допрен глас да отворат постапка против премиерот Христијан Мицковски, бидејќи истиот извршил повеќе кривични дела со мешање во судската власт.

Според нив, премиерот во повеќе наврати наводно му се заканил и го уценил обвинителот Коцевски, дека ќе го чува на функција само доколку ги чува во фиока предметите против него и против Директорот на АНБ, Бојан Христовски.

Што се однесува до некакво следење врз него од страна на Агенцијата за Разузнавање, такво нешто не постои, велат тие и додаваат дека дел од најблиското негово опкружување, загрижени за неговите изјави и постапки, најчесто во крајно алкохолизирана состојба, ги информирале вработени во Агенцијата.

Групата вработени понатаму во дописот тврдат дека „лицето Х.М. најавува паравоени структури, истите сакал да ги креира и спроведе преку создавање на Агенција за Обезбедување која ќе се состои од припадници на неговата партија, а сите би требало да добијат дозвола за поседување и носење на оружје“.

„За овие работи има докази и во моментов овој процес е активен, господинот Х.М. го спроведува со помош на српската служба БИА“, се вели во писмото.

Овие информации вработените во АР морале да ги заведат и да ги пренесат до АНБ, ништо повеќе ништо помалку. Апсурдот на изјавите на лицето Х.М. води до таму што сонувал дека ќе формира „Крстоносни“ единици, за што еден негов личен другар, муслиман по вероисповед, ги информирал сите безбедносни служби.

Господине Х.М., кога веќе јавно мафтате со класифицирани податоци, зошто не го објавите извештајот каде точно се гледа дека сте вазал на Српските служби? Дека ве фатиле на дело со проституција во Белград и ве уценуваат?, го прашуваат премиерот групата вработени во АР, изнесувајќи скандалозни обвинувања.

На крајот од дописот, Групата се обраќа кон премиерот и со дискретирички тон и лични дисквалификации, како и наводи кои, поради личниот карактер на наводите, Редакцијата одлучи да не ги објави.

Најалармантниот дел од дописот на групата од Агенцијата за разузнавање е, всушност, тврдењето дека се подготвува Агенција за обезбедување за која тврдат дека ќе биде составена од членови на партијата, а особено затоа што тврдат дека тоа ќе бидат „паравоена структури“. Во врска со овие тврдења, Редакцијата на 11 јуни побара коментар од Владата и Агенцијата за разузнавање.

Одговор сê уште нема.

Редакција

Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ