Горан Грујевски и Никола Бошковски во текот на денот ќе бидат изведени пред Обвинителство во Солун, каде ќе им биде одредено во кој затвор ќе бидат притворени се до комплетирање на предметот на екстрадиција, соопшти Министерството за правда, јавува МИА.За ова Министерството го информирала Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи на Република Македонија во Солун.
„Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи на Република Македонија во Солун, денеска официјално информираше дека вчера во 15 часот се уапсени Горан Грујевски и Никола Бошковски поради кршење на член 8381 на грчкиот законик, односно при пасошка контрола биле евидентирани со фалсификат бугарски пасоши и притоа е утврдено дека за нив е распишана меѓународна потерница од Интеропл по барање на МВР на Република Македонија“, стои во соопштението од Министерството за правда.
Бошковски и Грујевски се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.
Двајцата од 18 јули, кога Апелацискиот суд им определи мерка притвор, се недостапни за полицијата, најверојатно криејќи се со лажни идентитети. Тие се обвинети за уништување на опремата за прислушување.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.