• Latest

Груевски најави базен во Шутка, каде во лето нема вода за пиење!

February 15, 2016
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Груевски најави базен во Шутка, каде во лето нема вода за пиење!

February 15, 2016 14:29
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Изградба на отворен, голем пливачки базен и еден помал базен во општината Шуто Оризари, викендов најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Оваа идеја би била добра, ако во Шутка нема хроничен недостаток на вода. Во летниот период, жителите на оваа општина немаат вода ниту за пиење! Затоа, стои прашањето: Како ќе се наполнат базените што ги најави Груевски? Ќе се донесе вода со цистерни?

Пишува: Дехран Муратов
Пишува: Дехран Муратов

Навистина, во мај минатата година, Општината Шуто Оризари, Градот Скопје и Министерството за финансии потпишаа договор за реализација на проект за водоснабдување во Шуто Оризари, но избрзаната најава за изградба на базен,  наликува  на понуда на патики за трчање на некој инвалид.

Груевски 10 години беше премиер на Република Македонија, и не успеа да го реши проблемот со недостаток на вода во Шуто Оризари, Ама затоа, сега пред избори, на жителите од Шутка им ветува базени. Дали со изградбата токму на базени во Шутка, ќе се реши проблемот со дискриминацијата што се прави врз Ромите? Дали идејата произлезе од грдиот факт дека во нечии умови сé уште е врежан наци-ставот: „Забранет влез во (базен, диско, кафеана…) за кучиња и Цигани?“ Дали зад најавата на Груевски дека ќе се градат базени во Шутка, се крие уште пожестока сегрегација на Ромите, како мнозинско население во Општината.

Во перманетната предизборна кампања, редовно се ветува дури и невозможното. Па, така, и ветувањето за базените, може да држи вода. Но на жителите во Шутка далеку побитна и попотребна им е водата. Онаа, за пиење, за туширање, за перење  алишта и садови, вода… за подготвување на ручек…

Во Шуто Оризари покрај недостатокот на вода за пиење, недостасува и подобра инфраструктура, подобра канализација… Улиците се ископани, некои се и без улично осветлување… Викендов, бев со другарче на пазарчето во Шутка, да купам нешто и речици цел час се вртевме со автомобилот, за да најдеме паркинг. На крај, моравме да паркираме на тротоар и да му платиме 50 денари на еден човек кој ни рече дека „тротоарот е негов“. Затоа, потребно е да се изгради и паркинг, за да може граѓаните да ги паркираат автомобилите. Иако, рака на срце, покрај продавањето гардероба на пазарчето, еден дел од Ромите заработуваат и од „паркинг – услугите“.

По не знам кој пат ќе потенцирам и апелирам – дека на жените во Шутка им е итно потребна Гинеколошка ординација. На жителите им се потребни и библиотека, или Ромски културен центар, или театар, до кои би дошле по асфалтирани улици… Секако, во некој убав ден, на ред би дошле и базените…

Tags: базенГруевскиДехран МуратовЦивилШутка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ