Прозападната грузиска претседателка Саломе Зурабишвили, која се скара со владејачката партија Грузиски сон, рече дека нема да ги признае резултатите од парламентарните избори одржани на 26 октомври и обвини дека земјата била жртва на „руска специјална операција“.
Зурабишвили не презентираше никаков доказ за да го поткрепи нејзиното тврдење во кратката изјава за медиумите во Тбилиси на 27 октомври, пренесува РСЕ.
„Како единствена преостаната независна институција во оваа држава, сакам да кажам дека не ги признавам овие избори. Тие не можат да бидат признаени. Тоа би било исто како да се признае влезот на Русија овде и Грузиската потчинетост на Русија“, рече таа.
„Не дојдов во Грузија поради руската доминација. Нашите предци не живееле за ова. Ова нема да го толерираме. Не може да и се одземе на Грузија нејзината европска иднина“, додаде Зурабишвили.
Грузиската претседателка повика на улични протести кои почнуваат на 28 октомври во 19 часот. Во јужнокавкаската нација, во последните месеци имаше масовни демонстрации против владејачката партија Грузиски сон, која критичарите ја обвинуваат дека е проруска и дека ги нагризува демократските норми.
Таа ја критикуваше како што ја нарече „руска специјална операција која е една од новите форми на хибридна војна спроведена врз нашиот народ, врз нашата земја“, рече таа.
Предходно, досега владејачката ороруска партијата Грузиски сон прогласи победа на изборите, но прозападната опозиција и набљудувачите на изборите обвинија дека „се случија критични прекршувања“, вклучително и заплашување на гласачите и физичко насилство.