• Latest

Губење на идентитетот или… ? – публикација за отворање дијалог за идентитеските прашања

December 20, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Губење на идентитетот или… ? – публикација за отворање дијалог за идентитеските прашања

December 20, 2018 14:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ја промовираше публикацијата „Губење на идентитетот или…?“. Свое обраќање на промоцијата имаше и една од авторките во публикацијата професорката д-р Мирјана Малеска.

„Проектот е замислен како деконструкција на националистичките наративи, деконструкција на лажните вести поврзани со историскиот процес кој трае речиси три децении, а кој своја позитивна разрешница ја има оваа година. Тоа е процесот за надминување на спорот со името меѓу Македонија и Грција. Но, се разбира, прашањата на идентитетот се многу пошироки од една билатерална спогодба, независно од нејзината важност. И токму тоа е темата што се обидовме да ја одгатнеме преку поканата на повеќе јавни личности познати во науката, политиката, медиумите и граѓанското општество“, изјави Џабир Дерала, раководител на проектот „Губење на идентитетот или избавување и просперитет?“.

Проф. д-р Мирјана Малеска (лево) и Џабир Дерала, ЦИВИЛ (десно), промоција на публикацијата „Губење на идентитети или… ?“ / Фотографија Б. Јордановска – ЦИВИЛ

„Сметав дека отворање на дијалог на оваа тема е потребен. Не може да се остави само на политиката и политичарите да донесат ваква одлука за сите нас. Особено затоа што прашањето е емотивно, долготрајно, секој од нас го погодува на еден или на друг начин. Потребен е еден процес на зреење, а дијалогот во општеството може да придонесе кон решавање на процесот. Сепак, дали е дијалог ако на една страна се соберат истомисленици? За мене е дијалог… И сметам дека е ова е почеток на дијалогот во јавноста“, изјави Малеска во контекст на идентитетското прашање поврзано со Преспанскиот договор и улогата на ЦИВИЛ во начнување на оваа тема.

Овој проект траеше 45 дена. Во проектот учествуваа, освен професорката Малеска и Мерсиха Смаиловиќ, Љубчо Георгиевски, Ѕвездан Георгевски, Катерина Колозова, Дијана Тахири, Мирјана Најчевска, Сашо Орданоски, Синиша Станковиќ, Војо Маневски и Џабир Дерала. Секој од свој агол, авторите во зависност од нивното професионално занимање, но личните аспирации зборуваа за идентитетот и идентитетските прашања.

ЦИВИЛ го започна проектот „Губење на идентитетот или…?“ во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија. Публикацијата е своевиден печат на придонесот на авторките и авторите кон разглобување на идентитетските прашања од низа различни аспекти во интерсе на јавниот дискурс.

Биљана Јордановска

 

 

Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ