• Latest

Ѓунер Исмаил за Фронтлајн: Опозицијата од секогаш била антиевропска и проруска

July 29, 2023

Гордо – назад и надолу

May 19, 2026

Депортацијата на кримските Татари: злосторство чии последици се чувствуваат и денес

May 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

May 18, 2026

Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

May 18, 2026

Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

May 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

May 17, 2026
Константин Егерт (лево) и Игор Јаковенко (фото извор: Јутуб снимка - скриншот)

Игор Јаковенко, руски социолог, новинар и поранешен пратеник: Путинизмот е руска верзија на фашизмот, победата на Украина ќе го забрза распадот на империјата

May 17, 2026

Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

May 16, 2026

Секоја чест, градоначалниче

May 16, 2026

Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

May 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Гордо – назад и надолу

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

    Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

    Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

    Секоја чест, градоначалниче

    Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПОЛИТИКА

Ѓунер Исмаил за Фронтлајн: Опозицијата од секогаш била антиевропска и проруска

July 29, 2023 13:26
in ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ѓунер Исмал, политички аналитичар во интервју за Фронтлајн, вели дека опозицијата од самите почетоци била антиевропспки и проруска, нагласувајќи дека ретките меѓу опозиционерите имале јасни геополитички ориентири, но како и некогаш, така и денеска, тие се на маргините и изолирани.

Со Исмаил разговаравме и за Скопје, од денешна перспектива со сите свои општествено-политички превирања, како и за европскиот пат на земјата и предизвиците што ни престојат.

ФРОНТЛАЈН: Да почнеме со градот Скопје. Што се случува во тој град од Ваша перспектива? Дојде нова градоначалничка, а реакциите од нејзината работа, се благо речено, очајни. Излезе ли на површина „метрополитскиот провинцијализам“, го снема ли шармот на Скопје или нешто друго е во прашање? Да бидам уште попрецизен: Дали денес кондицијата на Скопје е последица од доаѓањето на десницата на власт на локално ниво?

ИСМАИЛ: Скопје, за оние кои паметат подолго, имаше еден друг шарм до 1963 година и тој, за жал, беше прилично разурнат од земјотресот. Само неколку години беа потребни, дел од тој шарм да се обнови, дел да се дорастури како резултат на некои претерувања, може да се рече и експерименти, а и како резултат на удвојувањето, ако не и утројување на бројот на неговите жители и, соодветно на тоа, потребите населението некаде да се смести. Населбите со бараките добија доградби, дворовите се минијатуризираа, а улиците беа окупирани од автомобилите. Но сепак, таков каков што беше, крајот на векот го дочекува со, горе-долу, физиономија на Град во кој „може да се живее“, та дури и со елементи кои доликуваат да бидат оригинални украси за фалење.

Арно ама, либерализацијата (така со „учено“ име се нарекува клептоманската транзиција), многу брзо на површината ги исфрли сите видови на ербапи, вклучително и оние кои денот го започнуваа и завршуваа со геслото: Да уцртаме некоја маркица во некој ДУП, ГУП! Најпрво беше поплавата на десетици трговски центри од кои денес, голем дел се магацинчиња или канцеларивчиња, а ретко и некој дуќан „ГифтШоп“, а јадниот простор, веројатно, животниот век го започнал како Бутик, со големо „Б“. Потоа, сѐ си одеше лесно. Воспоставената мрежа на ербапи, ужлебени чиновници по „подрачни“, катастари, комисии и да не редам, придружени со првите илегални пари од кршење на ембаргата, шверцови, наместени тендери, профитери од (рас)продажба на државниот капитал и сѐ она што ги сочинува(а) ордите на вечните заобиколувачи на законот и, секако, Правната Држава во пелени, од кои до денешен ден не се куртули и којзнае дали ќе се куртули и прооди.

Ова е можеби предолг вовед, но Скопје е веројатно, барем преку ден, повеќе од половина Македонија и всушност столбот околу кој во земјава се врти буквално сѐ!

Катаклизмата од 2006 до 2017 беше, за жал во многу елементи сѐ уште е, е само континуитет. Во таа смисла, Подземјето, во случајов составено од привремени „десни“, „леви“ ем „граѓани“, колку и да ни е чудно, можеби и на самата градоначалничка, е потпорната точка од која стартуваше рушењето на претходната градска власт која. За љубов на вистината, претходната власт беше со едната рака ампутирана, заради некои од подземните договори на „бившите“ и, демек, „сегашните“, дури и проба да отвори Нов процес на „Обнова и Изградба“. Се разбира дека не успеа, бидејќи „новите“ тоа не го сакаа.

Некои велат дека при неколкугодишното чекорење во граѓанските протести не биле искрени и дека намерите им биле концентрирани сепак околу „бисаѓите“ (полнењето де!), а други, пак, велат дека Реал-политиката (нели, „членството“), сепак, испаднало дека е скапа, односно прескапа работа, па „кравата даде млеко, ама ја клоцна кофата и скоро сето млеко истече!“

И, како рековме? Десница, а!? Далеку сме ние од тие идеолошко-политички класификации од проста причина што НИКОЈ од овие кои се декларираат како леви, десни, центристи и којзнае какви, ако ги прашате за нивната идеолошка определба (што во длабоката суштина се подразбира, пред сѐ, како МОРАЛНА РАМКА), нема да може да ви одговори со повеќе од две, две и пол реченици и тоа погрешни, се разбира. Ја имам таа несреќа, секое утро од прозорот во далечината да ја гледам „Шампитата“, та затоа пишувам со мојот, дневно, висок адреналин.

ФРОНТЛАЈН: Општ впечаток е дека денешната опозиција не делува како опозиција, туку делува како антиевропска и проруска структура. Дали гледате некоја сила која може да биде контра актуелната власт, а да биде уште повеќе европска, уште повеќе слободарска и уште повеќе прогресивна од постоечката политичка парадигма?

ИСМАИЛ: Таа секогаш, од нејзините прапочетоци, била антиевропска и проруска и околу тоа никогаш не сум имал дилеми. Само неколку десетици меѓу нив имале јасни геополитички ориентири и тие, како тогаш, во дамнината, така и денес, се изолирани, или бидувале елиминирани. Има една вистина во шумарството, која вели дека дрвото тешко може да фати корен ако постојано го клатиш, а земјата ако постојано ја растресуваш, тешко дека ќе даде плод. Со оглед на темелното разорување на сите институции на општествениот организам, како државни така и цивилни, материјалното и што е поважно, моралното пустошење, самите гледате, тешко се конституираат елементи од кои би можело да се состави некаква надежна структура. Дел од потенцијалите веќе се надвор, дел се депримирани, во внатрешен егзил, дел „мислат“ дека, спасувајќи некакво парче од ткивото кое е тешко заболено, ќе зачнат здрави (претежно локални) процеси, а останатото е во благословена апатија и преживува.

ФРОНТЛАЈН: Дали мислите дека навистина е крај со европските интеграции на земјава, или уште само Бугарите се проблем со нивниот влез во преамбулата на Уставот?

ИСМАИЛ: Па Бугарија е проблем, а не Македонија. Со внесување на Бугарите во македонскиот Устав, Македонија реално би ѝ помогнала на Европа да ѝ се олесни процесот на заздравување на Бугарија во која црноморската пенетрација е (пре)длабока, а моралната (криминална) ерозија е неколкукратно поголема од нашите провинциски криминални процеси.

Многу пати сум нагласил дека Македонија, барем околу третманот на социјалните групи со ваков или онаков национален предзнак, нема и немала никакви комплекси и кога ќе ги видам разно-разни блебетала, скрибомани, академски, новинарски и којзнае какви „бардови“ како запенавено нѐ бранат од „Бугари“, не ги сожалувам туку ми е жал што, барем некои од нив, кога требало, не сме ги запознале подлабоко и не сме ги растерале, како што се растеруваат глутници. Со ластегарки.

ФРОНТЛАЈН: Црната листа на Американците овие неколку денови ја брануваше македонската јавност. Што ни порачуваат нашите стратешки партнери и сојузници преку таа „Црна листа“?

ИСМАИЛ: Познато е дека демократија со сите нишани не може да биде донесена на бајонети и тоа нашите сојузници ни го кажаа отворено, без заобиколување. Ама? Ако во Линијата на Фронтот се создаде гнила точка, а еве, со децении Подземјето, што автономно, што со помош на разно-разни операции „копејки, рубљи, долари, канабиси, златни динари“, интензивно работи на разнебитување на секој зародиш на нормален државно-правен субјект, што ќе рече Држава, тогаш ќе сведочиме на други изјави, а веројатно и постапки.

Сегашните пораки се јасни, некои имиња се објавени, а за тие што знаат да читаат меѓу редови, во пораките многу јасно ќе видат дека е покажано со прст на некои ликови кои сега-засега, ги живеат последните мигови (колку и да им потраат) на нивната анонимност. Значи имињата се изговорени.

ФРОНТЛАЈН:  Може ли да ни ги објасните компаративните разлики измеѓу двете доминантни политички парти, тука мислам пред сѐ на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. За што се бори едната, а за што другата политичка партија?

ИСМАИЛ: За ВМРО веќе кажав погоре и нема да трошиме простор. СДСМ, пак, е структура која преживеа тежок период на 11 години, пред сѐ, внатрешно роварење, па во одредени периоди личеше дека и кога пружа отпор на вмровските багабонти, всушност игра во лажиран натпревар! Некои докази во таа смисла дури и се евидентни, та денес уште повидливи. Како и да е, СДСМ и денес ја плаќа цената на учество, во одредени моменти и водење на процесот кој доведе до (делумно) ослободување на земјата од внатрешниот окупатор, па го живее долгиот период на – час успешна, час неуспешна – консолидација на која крајот не ѝ се гледа. Сепак, таму сѐ уште има здраво ткиво од кое може да се очекува дека барем некоја од внатрешните битки ќе ги извојува и дека ќе биде јадрото на некоја идна здрава структура.

ФРОНТЛАЈН: Важите за човек со огромно политичко и човечко искуство, исто така, важите и за човек од културата во нејзиното најшироко значење. Па, дозволете ми, на крајот, едно сосема поинакво прашање: што денес читате, која серија ја гледате, некој филм, можеби театарска претстава?

ИСМАИЛ: Читам час стари, час нови книги. Од старите го читам Пол Лафарг (изгуглајте го нема да се разочарате), а од новите Имре Кертес и незаобиколивиот Георги Господинов. За време на пандемијата, жедта за театар ја задоволував со читање на Пирандело и Брехт.

Разговорот го водеше: Ненад Јовановиќ, колумнист на ФРОНТЛАЈН

Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

Tags: БугариВМРО-ДПМНЕЃунер ИсмаилевроинтеграцииСДСМСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ