• Latest

Гутереш бара пристап на меѓународните инспектори до нуклеарната централа Запорожје

August 8, 2022
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Гутереш бара пристап на меѓународните инспектори до нуклеарната централа Запорожје

August 8, 2022 12:30
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународните инспектори треба да добијат пристап до нуклеарната централа Запорожје, побара во понеделникот (8-ми август) генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, откако Украина и Русија меѓусебно се обвинија за гранатирање на објектот, пренесува Еуобсервер.

„Секој напад на нуклеарна централа е самоубиствена работа“, рече Гутереш на прес-конференција во Јапонија по присуството на меморијалната церемонија на мирот во Хирошима за комеморација на 77-годишнината од првото атомско бомбардирање во светот.

Украина соопшти дека обновеното руско гранатирање во саботата оштетило три сензори за радијација и повредил работник во електраната Запорожје.

„Нема таква нација во светот што би можела да се чувствува безбедно кога терористичка држава пука во нуклеарна централа“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во телевизиско обраќање во неделата.

Тој, исто така, ја обвини Русија дека води „нуклеарен терор“ и рече дека се потребни повеќе меѓународни санкции, овој пат за нуклеарниот сектор на Москва.

Руските трупи го зазедоа нуклеарниот објект во југоисточна Украина во март, но украинските техничари сè уште управуваат со него.

Руската амбасада во Вашингтон, исто така, објави соопштение, во кое се вели дека штетата ја предизвикал украинскиот напад со ракетен фрлач.

Во соопштението се наведува дека од гранатирањето се оштетени два високонапонски далноводи и еден водовод.

Украина вели дека Русија ја претворила централата во воена база, што го отежнува гаѓањето на руските војници и опрема.

Според „Њујорк тајмс“, Русија од средината на јули ја користи централата како покривка од која пука врз украинските сили.

Иако ОН не можеа да ја потврдат приказната на ниту едната страна, Гутереш во понеделникот рече дека Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) има потреба од пристап до централата.

„Ние целосно ја поддржуваме МААЕ во сите нивни напори во врска со создавањето услови за стабилизација на централата“, рече Гутереш.

Шефот на МААЕ, Рафаел Маријано Гроси, во саботата предупреди дека последниот напад „го нагласува многу реалниот ризик од нуклеарна катастрофа“.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во неделата твитна дека „извештаите за гранатирање [во централата] се алармантни; нејзината безбедност е најголема загриженост“.

Подготви: Д.Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ