Русија и Украина денеска потпишаа посебен договор со Турција и Обединетите нации за извоз на жито и други прехранбени производи од украинските пристаништа. Договорот поддржан од Обединети нации, треба да овозможи извоз на милиони тони жито од блокираните пристаништа на Црното Море, со што треба да се избегне заканата од катастрофална глобална криза со храна.
Како што пренесува МИА, Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш пред потпишувањето на договорот одржа краток говор.
– Овој договор ќе овозможи извоз на жито од Украина, а ОН ќе работат на обезбедување на неговиот успех“. Денеска се појави светлина на надеж на Црното Море. Светло на олеснување за светот потребно повеќе од кога било, истакна Гутереш.
Тој додаде дека договорот ќе ги стабилизира глобалните цени на храната.“, рече Гутереш.
– Благодарам на Русија и Украина што ги надминаа сите разлики и ги оставија настрана нивните несогласувања, со цел да се отвори патот за иницијатива, која ќе им служи на заедничките интереси на целиот свет, посочи Гутереш, додавајќи дека „фокусот беше на она што е најважно за светот“