• Latest

Гутереш побара три милијарди долари помош за Јемен

April 3, 2018
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Гутереш побара три милијарди долари помош за Јемен

April 3, 2018 18:30
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Јемен има потреба од три милијарди долари хуманитарна помош, за да им се помогне на милионите засегнати од воениот конфликт, кои страдаат од глад,  раселување и болести и да бидат во состојба да ја преживеат војната, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на донаторската конференција во Женева, која се одржа денеска.

– Хуманитарната криза во Јемен е најтешка во светот,  потенцира Гутереш.

По три години од воените дејствија 22,2 милиона луѓе од 27-милионското население на Јемен имаат потреба од помош.

Саудиска Арабија и Обединените Арапски Емирати, два од основните воени играчи во конфликтот, ветија 930 милиони долара,  со што финансиите  од собраните средства пораснаа за 40 проценти и ги достигнаа потребните три милијарди долари.

Уште пред војната Јемен беше сиромашна држава.

Сега околу 18 милиони лица немаат сигурно снабдување со храна, а над осум милиони се изложени на ризик од глад.

Околу половина од децата од предучилишна возраст страдат од хронична неухранетост, како и од забавување на растот, што е пречка за нивниот физички и ментален развој. Народот страда од борби, преселби, киднапирања, силувања и колапс на здравствениот и образовниот систем

Гутереш пред насобраните дипломати од државите даратели, рече дека Јемен покажува многу поголема широкоградост од многу побогати држави во светот, примајќи огромен број сомалиски бегалци.

Јеменскиот министер за надворешни работи Абдел Малек Мехлафи повика да бидат обновени преговорите, за да се стави крај на војната во Јемен, каде едни против други војуваат провладините сили поддржани од Саудиска Арабија и борците Хути, кои за сојузник го имаат Иран.

– Треба да постигнеме оптимално решение, а тоа е враќање на  масата за преговори, за да биде ставен крај на војната, да се вратиме кон одржлив систем (на управување), поддржан од луѓето на Јемен, изјави Мехлафи во говорот на конференцијата во Женева.

Тој дополни, дека сега е важно да се отвори пристап до пристаништа и аеродромите за да се достави хуманитарна помош.

Инаку, во јануари ОН ја повика светската заедница да обезбеди 2,96 милијарди долари. Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања посочи дека хуманитарната ситуација во Јемен продолжува да се влошува и сега на 22,2 милиони Јеменци или 75 проценти од населението им е потребна помош, што е 3,4 милиони луѓе повеќе од минатата година.

Од август 2014 година, во Јемен има конфликт меѓу властите и бунтовниците Хути.

[divide]

извор: МИА

Tags: Јеменпомош
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ