• Latest

Хабермас ја критикува Германија дека го блокира проширувањето на еврозоната

July 5, 2018
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Хабермас ја критикува Германија дека го блокира проширувањето на еврозоната

July 5, 2018 11:22
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германскиот филозоф и социолог Јирген Хабермас упати остра критика кон политиката на Германија во однос на Европа.

– Не можам да сфатам зошто германската Влада верува дека може да ги убеди своите партнери за заедничко дејствување по прашањата за бегалците, надворешната политика и надворешна трговија, кои се важни за нас, а во исто време зазема блокирачка позиција за централното и витално прашање за политичкото проширување на еврозоната, изјави 89-годишниот интелектуалец, кој синоќа во Берлин доби медумска награда.

На Хабермас му беше врачена Француско-германска медиумска награда за неговиот придонес кон демократијата во Европа.

Тој го пофали предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за трансформирање на монетарната унија во политичка. Според него, Макрон покажал храброст што е потребна во политиката и недостасува во другите земји-членки.

Јирген Хаберманс

Распространетиот десничарски популизам покажува недостиг на волја за акција во ЕУ, смета Хабермас.

– Наместо тоа, политичката елита посегнува кон привлекувачката сила на малодушниот опортунизам за да ја задржи власта на краткорочен план, предводен од социолошките истражувања, рече тој.

Во писмо по повод врачувањето на наградата,  Макрон го нарече Хабермас неуморен просветител, чиј глас е поважен и вреден од кога и да е, во време кога Европа е во опасност да се распадне.

Меѓу поранешните добитници на оваа награда се француската правничка и политичарка која го преживеaла Холокаустот, Симон Веј и поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит. (МИА)

Tags: блокадаеврозонаЈирген Хабермаскритикува Германија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ