Кога зборуваме за етничка еднаквост, сакам да нагласам дека во изминативе единаесет години, колку што бев ангажирана во центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, такво нешто како етничка нееднаквост, не постоеше, вели за ЦИВИЛ Медиа Жаклина Хаџи Зафирова, извршната директорка на СКУП Македонија, центар за истражувачко новинарство.
Бидејќи СКУП беше една мешана, неетничка средина, каде што секој почитуваше секого, каде што сме соработувале со голем број луѓе, сме обучувале голем број млади, студенти, колеги, и темата за етничка не еднаквост, никогаш не била „тема“. Сметам дека во Македонија сите треба да се прифатиме, онакви какви што сме, со сите можни различности на секое поле, доколку сакаме да имаме прогрес во општеството. Тоа ги учиме и младите студенти, младите новинари, ги поттикнуваме да работат заедно, и сметаме дека само така може да има прогрес понатаму.
Д. Тахири
камера и монтажа: Ариан Мехмети
Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.