Денешната поента на Џевдет Хајредини се однесува на еден политичар за кој е лесно да се утврди дека е лидер на политичка партија што е дел од власта најдолго од сите други во Македонија. Од самото формирање до денес, тоа е политичарот што е во коалиција, наизменично со двете најголеми партии во земјата. Хајредини пишува:
Тој, што некогаш велеше дека, по влезот на Македонија во НАТО ќе се повлече од политиката, сега го промени мислењето. Само што, сега станува јасно дека со Груевски работеле на тоа Македонија, ни во наредните најмалку 20 години, да не се зачлени во НАТО и да стане прва победа на Русија над Америка. За среќа, Заев и Ципрас им го расипаа планот.
Џевдет Хајредини, реномиран експерт за финансии и извонреден политички аналитичар, секојдневно објавува кратки пораки и поенти за политичкото секојдневие на Македонија. Неговите пораки секогаш се добра гимнастика за подобрување на морално-политичката кондиција на општеството.