Џевдет Хајредини, со бравурозна поента за тоа колкава „корист“ има кандидатот Пендаровски од поддршката на ДУИ, како и за помпезноста на настапите на нивниот лидер, Али Ахмети.
Бројот на гласовите на ДУИ за Пендаровски се виде во првиот круг.
Изјавите дадени однапред од нивна страна, дека гласовите кои тој ќе ги добие од Албанците во вториот круг се на нивните гласачи, не се во негова корист, туку, напротив, одат на негова штета.
Многу е мал бројот на Албанците кои сакаат со нивниот глас да се гордее ДУИ, со исклучок на оние кои се плаќаат од буџетот.
Ги обвинува другите за фолклоризам и помпезност, а токму тој, кому две дечиња, облечени во народни носии и црвено-црни знамиња на рамената, двојно поголеми од нив, шетајќи по охридските улици, „на саканиот лидер“ му постилаа цвеќиња по патот по кој чекореше. Во оваа прилика, беше придружуван од не повеќе од десетмина.