поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Николовски и Груби вчера во една кафана разговарале за формирање Влада со нов четиригодишен мандат од стабилно мнозинство, што во Македонија не се случило од 2002, и имале конструктивна дискусија.
Храбро потврдиле дека нема друга алтернатива за интеграции, освен членство во НАТО и ЕУ.
Повторно ќе ја врателе довербата што самите ја изгубиле во текот на изборната кампања, за да добијат повеќе гласови.
Целосно се согласиле за почитување на Договорот од Преспа, тој со Бугарија и Охридскиот, за кој, како и до сега, не постои рок до кога ќе се спроведе.
Посветени ќе бидат, како што и до сега биле, за владеењето на правото.
Ќе се спротивставеле на сите форми на национализми и омраза, што секој ден не се случило и во изминатите три години.
Се согласиле, сигурно не лесно, дека се неопходни квалитетни кадри, одговорни и отчетни пред својот партиски лидер.
На крајот потврдиле дека партиите се согласни на прочистување на правосудството и на проверка на потеклото на пари и капитал, според примерот на ветингот што успешно, без да се види кој, кога и каде, го направи ДУИ.
Очигледно, газдата на кафаната, поради фајронот, не им дозволил да се договорат и за некои помалку важни прашања, на кои јас ќе се осврнам попосле.
За овој “разговор” Заев, изгледа, сѐу ште не е информиран.