За денеска, објавуваме неколку најнови поенти од Џевдет Хајредини, но и неколку што можеби сте ги пропуштиле.
Не е доволно само да се поништат вработувањата или преместувањата на блиските роднини во јавните претпријатија каде платите се повисоки, туку потребно е на одговорност да се повикаат и функционерите кои тоа го овозможиле, како и одговорните во тие претпријатија.
Токму сега вреди да се повторува тоа што пред извесно време го прочитавме во една информација на ВМРО дека:
„Сите функционери на ДУИ за кои поседуваме материјали со компромитирачка содржина ги контактираме, им ветуваме поддршка и им даваме задачи постепено да станат наши соработници“.
Има ли нешто нејасно тука?
И една за (анти)корупцијата:
Зошто на антикорупциската комисија ѝ се потребни два месеци да ги испита вработувањата во јавните претпријатија и државните институции на блиските роднини на актуелните функционери, кога никој од нив тоа не го негира?
Зошто мора да ги испита сите кои се спомнати и после да ги соопшти резултатите?
Зошто не ги испитува еден по еден и исто така за секој случај да го соопшти резултатот?
Зошто партиите на власт се обидуваат корупцијата во своите редови да ја поврзуваат и да ја правдаат со онаа на претходната власт?
Според мене, првиот чекор на Антикорупциска е истовремено и прв обид за манипулирање на јавноста. Би сакал да не бидам во право и да бидам демантиран.
Џевдет Хајредини, реномиран експерт за финансии и извонреден политички аналитичар, секојдневно објавува кратки пораки и поенти за политичкото секојдневие на Македонија. Неговите пораки секогаш се добра гимнастика за подобрување на морално-политичката кондиција на општеството.