Џевдет Хајредини со експлозивна поента денеска, за апсурдноста на ситуацијата во која судот во Њујорк ги казни директорите на МАЃАР ТЕЛЕКОМ за давање мито, а во Македонија веќе 15 години не се пронајдени тие што тоа мито и го примиле. А, од друга страна, функционерите на ДУИ, според Хајредини, секој ден ни кажуваат дека Македонија ги направила сите реформи и тоа повеќе отколку што треба и повеќе од сите други.
Двајца функционери на ДУИ скоро секој ден ни кажуваат дека Македонија ги направила сите реформи и тоа повеќе отколку што треба и повеќе од сите други.
Што ќе кажат овие господа доколку ЕУ, на пример, од Македонија побара да ги открие и осуди лицата кои примиле повеќе милионски суми евра мито од МАЃАР ТЕЛЕКОМ за да му обезбедат монопол на пазарот, како што, за сличен случај, беа осудени функционери во Црна Гора.
Не е ли апсурдно, судот во Њујорк за давање мито да ги казни директорите на МАЃАР ТЕЛЕКОМ, а во Македонија скоро 15 години да не се пронајдат тие што митото го земале?
Џевдет Хајредини, реномиран експерт за финансии и извонреден политички аналитичар, секојдневно објавува кратки пораки и поенти за политичкото секојдневие на Македонија. Неговите пораките секогаш се добра гимнастика за подобрување на морално-политичката кондиција на општеството.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.