Зошто и како Груевски е таму кај што е, дали постои „консензуален претседател“ во Уставот, кој е надлежен да раководи со министрите во владата и кого тоа победила Силјановска Давкова се прашања на кои добивате краток и јасен одговор од Џевдет Хајредини, политички аналитичар и експерт за финансии во рубриката ПОЕНТИ, само на ЦИВИЛ Медиа.
Никола Груевски се наоѓа таму кај што е, и со знаење и со дозвола и со помош на тие што повеќе им смета кога би бил овде, отколку таму.
Тие што Пендаровски го прогласија кандидат за „консензуален претседател“, треба да знаат дека во уставот не постои „консензуален претседател“, туку постои само претседател, како што биле сите други.
И во државите членки на ЕУ, исто како во Северна Македонија, со членовите на владата не е надлежен да раководи премиерот, туку нивниот партиски лидер.
Ова треба да го има предвид и нашиот Премиер.
Овие од ВМРО или не можат да прават држава со Албанците или заедничка држава со Албанците не сакаат. Трето нема.
Гордана Силјановска тврди и се фали дека не е националист, а истовремено се чувствува среќна и победник, зашто на изборите добила повеќе гласови од припадниците на својата нација и повеќе квадратни километри на државната територија.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.