Џевдет Хајредини, реномиран експерт за финансии и извонреден политички аналитичар, секојдневно објавува кратки пораки и поенти за политичкото секојдневие на Македонија. Неговите пораките секогаш се добра гимнастика за подобрување на морално-политичката кондиција на општеството.
„Наместо да почне спроведувањето на реформите во судството, ние сме сведоци на заокружување на деформирањето на реформите. Врховниот суд со своето мислење, насилниците што останаа на власт, како и повеќе судии, не дозволуваат нормален тек на судските постапки за предметите на СЈО.“