Поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Премиерот Зоран Заев пред извесно време го претстави неговиот амбициозен план за економска преродба на Македонија со предлогот за легализација на марихуаната за медицински цели, како и за приватна и лична употреба.
Од друга страна, зам.премиерот Фатмир Битиќи и Министерот за финансии Фатмир Бесими, секој посебно, овие денови, исто така, ги претставија своите различни планови за среднорочниот економски развој на Македонија.
По ова останува нејасно врз кој од овие три различни планови ќе се потпира заедничката и единствена економска политика на државата во текот на наредниот период.