Џевдет Хајредини, реномиран експерт за финансии и извонреден политички аналитичар, секојдневно објавува кратки пораки и поенти за политичкото секојдневие на Македонија. Неговите пораките секогаш се добра гимнастика за подобрување на морално-политичката кондиција на општеството.
Кој одлучува за судбината на СЈО?
3/3/2019
Македонија дојде во ситуација, за судбината на СЈО да одлучуваат токму тие, чија политичка судбина зависеше токму од неговата работа.
Ова, исто така, значи дека Фатиме Фетаи, кога за некои од нив отворила истрага, не ја згрешила нивната адреса, како што некои своевремено тврдеа.
Бујар Османи да објасни…
2/2/2019
По престојот во Финска, би било добро Бујар Османи да нè информира дали и таму со парите на граѓаните се плаќаат гласачите на некоја партија, односно некој од буџетот да зема плата без да се јави на работа.
Многу подостоинствено е да работиш бесплатно, отколку некој (на пример, партија) да ти овозможи, без работа да ги земаш парите на некој друг што со труд ги заработува. Колку што ми е познато, ова веќе долго време се случува само во Македонија.
Фотографија во прилог на текстот: Јана Поповска/kolektif.mk