• Latest

Хакирана страницата на Централниот регистар, фрчат закани и обвинувања

January 12, 2020

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хакирана страницата на Централниот регистар, фрчат закани и обвинувања

January 12, 2020 12:36
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од синоќа ФБ страницата на Централен регистар е под напад, а во јавноста се шпекулира дека напаѓачот е вработен во Централниот регистар, Емил Јакимовски, кој изминатите денови е во центарот на вниманието со заканите кои ги упати до новинарката Мери Јордановска и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Од утрово на официјалната страница на институцијата осамнуваат објави со скандалозни содржини против актуелната директорка Марија Бошковска Јанковски.

Дека се работи за истата личност, сугерира и првиот човек на Централниот регистар, објаснувајќи дека токму Јакимовски ја креирал оваа страница пред десеттина години кога бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност.

„Почитувани, сакаме да Ве информираме дека фан страната на социјалната мрежа Фејсбук на Централен регистар на Република Северна Македонија е хакирана. Затоа Ве молиме објавите кои ќе бидат постирани од таа страна да ги игнорирате, бидејќи содржините на истата не се став на Централен регистар на Република Северна Македонија. Во моментот се изработува нова фан страна за која медиумите и јавноста дополнително ќе бидат известени. Воедно страницата е искреирана уште пред 10 години од лицето Емил Јакимовски во времето кога тој бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност. Централен регистар на Република Северна Македонија се сомнева дека ова лице стои зад постовите кои се појавија на фан страната на социјалната мрежа Фејсбук во изминатото деноноќие. Овој случај исто така ќе биде пријавен до секторот за компјутерски криминал при МВР и воедно упатуваме апел истражните органи да го испитаат“, пишува директорката Бошковска Јанковски.

Симптоматично е и тоа што објавувањето на овие содржини на страницата се случуваат еден ден подоцна, откако директорката на Централниот регистар најави дисциплинска мерка против вработениот Јакимовски.

,,Централниот регистар на Република Северна Македонија најостро ги осудува заканите на вработениот Емил Јакимовски преку Интернет врз новинарката и заменик-уредникот на А1он Мери Јордановска. Сакаме да истакнеме дека поради нарушување на работниот ред и дисциплина, како и закани кон вработени во Централниот регистар на Република Северна Македонија против Емил Јакимовски веќе е отворена дисциплинска постапка. Комисијата се уште нема одлука, бидејќи вработениот Емил Јакимовски веќе неколку месеци е на боледување. Исто така во изминатиот период во МВР има повеќе пријави од вработени во Централниот регистар поради закани од истото лице. Меѓу пријавите поднесени во МВР е и пријавата поднесена од мене лично како директор на Централен регистар Република Северна Македонија ,каде во изминатиот период сум мета на постојани напади и закани од Емил Јакимовски“, реагираше вчера директорката.

Во моментов на страницата постојано се објавуваат недолични содржини против директорката, но и други вработени во институцијата. Работата оди до таму што се навредуваат и се упатуваат закани и сексистички пораки кон граѓаните кои ја следат оваа фејсбук страница и кои коментираат на објавите.

Таков е случајот со заканите упатени кон една поранешна соработничка на ЦИВИЛ.

Потсетуваме, ЦИВИЛ остро ги осудува заканите упатени од страна на Емил Јакимовски. Воедно го повикуваме Министерството за внатрешни работи, како и секторот за компјутерски криминал веднаш да се зафатат со овој случај!

М. Ивановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ