• Latest

Хакирани вестите на иранската државна телевизија – порака против Ајатолахот

October 9, 2022

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Хакирани вестите на иранската државна телевизија – порака против Ајатолахот

October 9, 2022 12:25
in ВЕСТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Иранската државна телевизија очигледно беше хакирана во саботата во етер, а информативниот билтен беше прекинат со протест против водачите на земјата.

На екранот се појави маска, проследена со фотографија на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи со пламен околу себе.

Групата што го изврши нападот себеси се нарекува „Адалат Али“ или „Правдата на Али“.

Нападот доаѓа откако три лица беа убиени во судирите на демонстрантите и безбедносните сили на најновите немири поради смртта на 22-годишната Махса Амини.

Таа беше притворена во Техеран од страна на моралната полиција поради неправилно носење на задолжителната марама. Три дена по апсењето, 22-годишната Амини почина во притвор на 16 септември.

Нејзината смрт предизвика бран насилни протести ширум земјата.

Вчерашните ТВ-вести беа прекинати околу 18 часот по локално време, со фотографии на ајатолахот Али Хамнеи со мета на главата, фотографии на Амини и уште три жени убиени на неодамнешните протести.

На еден од натписите пишуваме „Придружи ни се и стани“, додека другиот гласеше „Крвта на нашата младост капе од твоите шепи“.

Прекинот траеше само неколку секунди пред да биде прекинат.

Вакви прикази на побуна против ајатолахот Али Хамнеи се историски ретки, а тој има скоро целосна власт во Иран. Но, по смртта на Амини дојде до отворено несогласување.

Вчера на социјалните мрежи се појавија снимки на кои наводно се гледаат студентки на универзитетот во Техеран како скандираат „Губи се“ за време на посетата на претседателот Ебрахим Раиси.

Претходно во текот на денот, две лица беа убиени во градот Санандаџ, вклучително и човек кој бил застрелан во својот автомобил откако затрубил во знак на поддршка на демонстрантите. На видео снимка објавена на социјалните мрежи се гледа жена застрелана во врат како без свест лежи на земја во Масхад.

Полициски претставник во Санандаџ рече дека „контрареволуционерите“ го убиле човекот, извести државната новинска агенција ИРНА.

Очевидци велат дека 22-годишната Амини биле тепана за време на апсењето, а нејзиниот татко рече дека имала модрици на нозете и ја смета полицијата за одговорна за нејзината смрт.

Иранската форензичка медицинска организација утврдила дека „основните болести“ биле причина за смртта на младата жена, притоа не споменувајќи дали имала некакви повреди. Државната телевизија објави дека форензичкиот извештај покажал дека смртта на Амини е поврзана со „операцијата на тумор на мозокот што ја имала на 8-годишна возраст“.

Протестите во Иран продолжуваат, полицијата употреби солзавец и пукаше кон демонстрантите

Организации за човекови права велат дека над 150 луѓе биле убиени од почетокот на протестите во Иран на 17 септември.

Продавниците во неколку градови се затворени во знак на поддршка на демонстрантите, вклучително и чаршијата во Техеран, каде што некои запалиле полициски киоск и ги растерале силите за безбедност.

Протестите кои стигнаа до чаршијата во Техеран го запалија алармот кај иранските лидери, кои ги сметаат трговците за свои приврзаници.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ