Хамас ослободи тројца израелски заложници, по неколкудневните стравувања за прекинот на огнот во Газа. Заложниците се вратија во Израел, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Ослободените заложници се израелско-рускиот Александар Труфанов, израелско-аргентинецот Јаир Хорн и израелско-американецот Сагуи Декел-Чен. Тие беа ослободени во Кан Јунис, јужна Газа, околу 10 часот по локално време (03:00 часот по средноевропско време). Тие беа видени како излегуваат од возила опкружени со милитанти, кои ги изведоа заложниците на бината, каде што заробениците се обратија на толпата.
Подоцна во сабота, Израел треба да ослободи 369 палестински затвореници, според Канцеларијата за медиуми на палестинските затвореници.
Хамас во понеделникот соопшти дека нема да ги ослободи заложниците овој викенд, обвинувајќи го Израел за наводно прекршување на примирјето
Израел рече дека ако заложниците не бидат ослободени до пладне (по локално време) во сабота, ќе ги продолжи нападите врз Газа
Драган Мишев