• Latest

Хан и Могерини: Патот кон ЕУ е јасен, сега е до вас да одите напред

June 30, 2018

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Хан и Могерини: Патот кон ЕУ е јасен, сега е до вас да одите напред

June 30, 2018 10:18
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Патот напред е јасен. Тоj води кон вашето членство во Европската унија. За да го остварите тоа, сите политички сили ја делат одговорноста за одржување конструктивен дијалог и продолжување на аспирациите на граѓаните, особено преку реформи во владеењето на правото, безбедносните служби, јавната администрација и функционалната пазарна економија.

Ова во заедничка изјава, објавена на официјалната веб страница на ЕУ, го наведуваат високата европска претставничка Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

– Овие начела лежат во срцето на европската успешна приказна. Тие се, исто така, она што го бараат граѓаните на вашата земја, сакаат и заслужуваат. Ова е нашиот заеднички пат: колку повеќе Скопје ги задоволува потребите на своите луѓе, толку побрзо ќе напредува кон полноправно членство во ЕУ, пишуваат Могерини и Хан во заедничката изјава објавена на https://eeas.europa.eu/.

Натаму тие наведуваат дека историскиот договор меѓу Скопје и Атина ги направил горди Европејците и оти тоа е стратешки договор за двете земји и за цела Европа.

– Тоа покажува дека дури и најчувствителните прашања поврзани со историјата можат да се решат, со храброст и визија. Двајцата бевме присутни на церемонијата на потпишување на Преспанското Езеро. Она што го видовме, дополнително ја зајакна нашата верба во континент обединет и во мир, со европската перспектива за Западен Балкан како двигател на стабилноста на регионот, наведуваат тие.

Истакнуваат дека изминатава недела членките на ЕУ го потврдиле тоа достигнување и поставиле јасен пат кон отворањето на пристапни преговори во јуни 2019 година.

– Ние веднаш почнавме да работиме на ова ново, заедничко поглавје, при што Европската комисија започна подготовка за разговорите за пристапување. Со нетрпение очекуваме да работиме со вас и да пристапите кон овој нов предизвик со истата решителност што ве доведе до неодамнешни успеси, велат Хан и Могерини.

Оценуваат до неодамна земјата била во длабока политичка криза, но успеала да го надмине тоа и да продолжи со клучните реформи, не за Брисел туку за сите луѓе во земјата.

– Постигнавте договори со Бугарија и Грција, залагајќи се за нова динамика на соработка во Југоисточна Европа и отворање на вратите за инвестиции, работни места и економски раст. Сите овие позитивни чекори се инспирација за целиот регион, наведуваат двајцата високи европретставници.

Додаваат дека од нивна страна, Европската комисија веќе ја започнала потребната подготвителна работа кон јуни 2019, вклучувајќи идна преговарачка рамка и оти поддржуваат продолжување на реформите, како и тоа дека секој има улога во овој историски процес.

– Единство, храброст, одговорност и прагматизам од сите ќе бидат од суштинско значење. Сите политички групи и партии, локалните власти и граѓанското општество треба да ја преземат одговорноста за овој процес и заедно да ја подготват основата за преговорите, наведуваат Хан и Могерини.

Според нив, работата во годината што следува е инвестиција во  интеграцијата на земјата во ЕУ.

– Секој чекор се брои. Одење по овој пат не само што ќе ви овозможи да ги отворите преговорите, туку да го направите тоа на најефикасен начин. Во моментот кога официјално ќе се отворат преговорите, вие  веќе ќе бидете на брз колосек, посочуваат тие.

На крајот истакнуваат дека вратите на Унијата се отворени и оти патот на земјата кон ЕУ станал неповратен.

– Сега е до вас да одите напред на овој пат кон иднината на заеднички просперитет и безбедност. Тоа е слободна и суверена одлука на вашиот народ – на никој друг. Нашиот сон за обединет европски континент лежи во Вашите раце, заклучуваат во заедничката изјава посветена на земјава двајцата високи европски претставници. (МИА)

Tags: ЕУЈоханес ХанМакедонијареформиФедерика Могерини
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ