Денеска Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан и потпретседателката на Европската комисија ќе ги презентираат најновите стратегии за проширувањето на ЕУ.
Претходно, Хан во интервју за Радио Слободна Европа, најави дека Европската комисија за време на објавувањето на годишниот извештај за напредокот на земјите, кои се во процесот на проширување, на 29 мај, ќе го соопшти отворањето на преговорите за полноправно членство со Албанија и Северна Македонија.
Начелно беше планирано Советот на министрите на ЕУ таа одлука да ја донесе во јуни, но расправата би можела да биде одложена за министерскиот состанок во јули, на почетокот на финското претседателство со ЕУ, зашто на некои земји им е потребна и согласност од националните парламенти.